мини|287x287пкс|Катедралата Санта Марија Асунта во Бреша Новата катедрала или поточно летната катедрала Санта Марија Асунта претставува главната црква во Бреша, и воедно мајка црква на истоимената епархија. Катедралата е прогласена и за италијански национален споменик. Таа е сместена на плоштадот Пјаца Паоло VI, уште попознат и како плоштад Пјаца дел Дуомо. На овој плоштад се наоѓаат две соседни катедрали една до друга, односно новата катедрала е веднаш до старата катедрала. Местото за богослужба било оформирано помеѓу 1604 и 1825 година на истиот простор каде што некогаш постоела ранохристијанската базилика Сан Пјетро де Дом, која потекнувала некаде уште од 5 или 6 век. Оваа катедрала исто така е и седиште на парохија која пак е дел од пасторалната област на централна Бреша.

Историја

Новата катедрала лево|мини| Куполата на катедралата Историјата на катедралата започнала во 1603 година,. кога свештеното лицае Агостино Аванзо ја презел старата ранохристијанска базилика Сан Пјетро де Дом. Тој добил задача на истата локација да изгради сосема нова верска зграда. Старата базилика, во тој период се наоѓала во многу лоша состојба и требало да биде заменета со нова катедрала, која ќе биде посоодветна со сосема нови архитектонски побарувања. Сето ова било диктирано и од контрареформацијата од тој период, но и во согласност со архитектурата во тоа време. Агостино Аванзо го претставил првиот проект на катедралата, целосен спој помеѓу маниризмот и класицизмот. Генералниот план бил во вид на латински крст, со вкупно три кораби и еден трансепт. Самиот план содржел и испакнати странични олтари со голема централна купола. на врвот. Последните планови, особено, се наметнале уште од првичните идеи на проектот. Идејата ја придружувала изградбата замислувана низ вековите како еден вид голем заеднички стремеж, посакуван и сонуван од сите архитекти кои работеле и ќе работат на грандиозниот проект. Архитектот Џовани Батиста Лантана, штотуку излезен од академијата за архитекти и свеж со нови идеи здобиени од студиите, за разлика од Аванзо кој бил мајстор со постари традиционални проекти, претставувил многу сличен проект, но помодерен и збогатен со поголема посветеност на структурата. Но, и двете идеи биле отфрлени од пратениците на градежната комисија за урбанистички работи, кои биле избрани од страна на општината, но со поддршка и од владиката. Забелешките биле пред сè поради фактот што во проектите не биле доволно вградени директивите на Трентскиот собор, особено поврзани со насоките од областа на верската архитектура. Поради тоа архитектот Лантана морал да изготви и презентира нов проект, овојпат план во форма на грчки крст кој бил впишан во квадрат. На новиот проект постоела голема централна купола опкружена со четири помали куполи и особено испакната апсида. Овој проект во многу наликувал на оној што го претставил Браманте за базиликата Свети Петар, но без надворешниот кораб. Разликата била во тоа што постоеле измени во делот на задната апсида. Проектот конечно бил прифатен од страна на комисијата. Подоцна се појавуваат дополнителни дебати околу сомнежите и за самата локациска положба која требало да ја заземе катедралата. Дилемите биле дали катедралата треба да се изгради на истото место на базиликата Сан Пјетро де Дом и со тоа да се урне постоечката или можеби да се постави на јужната страна на плоштадот и со тоа да се создаде монументална поставеност со целосен барокен изглед. Меѓутоа, на јужната страна од плоштадот се наоѓала палатата, голема вила со градина, Палацо Негробони подигната во 19 век, резиденцијата на едно аристократско семејство од градот Бреша. Семејството Негробони, во замена на земјиштето на кое се наоѓала нивната вила побарало друга парцела во соседниот парк. Со такво изменување на поставеноста на градбите базиликата Сан Пјетро ди Дом ќе останала на својата позиција. Оваа базилика сепак требала да претрпи радикални реконструкции. Поради тоа било избрано најевтиното решение, а тоа било конечно да се урне античката базилика и на нејзино место да се изгради новата катедрала.

Спорот околу планот Во тој период се појавиле и други дискусии околу проектот на архитектот Лантана. Тој бил премногу сличен по конформацијата на старата катедрала која се наоѓала веднаш до неа. Предложениот грчки крст бил практично премногу модерен и неразбирлив од страна на изведувачите, но и од населението. Неразбирањето било поради некомпатибилноста на проектот со прописите на контрареформистичкиот стил од тоа време. Сепак, требало да се забележи дека овој последен проблем не бил толку одлучувачки. Планот со грчкиот крст бил реализиран во склад до совршената рамка на религиозната архитектура. Практично сите најважни ренесансни уметници од тој период (од Леонардо да Винчи преку Браманте, па сѐ до Антонио да Сангало Помладиот, бил извонредно вкоренет во идеологијата на таа тема, бил толку многу усогласен што ниту Контрареформацијата не била во можност целосно да ѝ се спротивстави на планираната идеја. Во таа смисла, црквите Сан Алесандро во Зебедија во градот Милано и Санта Марија ди Карињано во градот Џенова веќе биле изградени токму во форма на грчки крст, што ги правеле градби од не толку нов стил. Лантана, според неговиот проект веројатно ја редизајнирал и црквата во Карињано. Каменорезците кои работеле на градилиштето на катедралата биле познатите каменоресци од групата на Орсолини, од градот Џенова. На крајот сепак Лантана предложил и трет проект, кој се покажал како дефинитивен и конечен. Во конечниот проект бил додаден мал тоскански додаток за да се надополни големиот коринтски стил. Во планот била вметната и дополнителна купола во пределот на апсидата. Новата купола била поддржана од некои надворешни потпори прошарани со неколку делови во вид на ниши. За новиот проект пратениците ги нарачале украсните статуи изработени од Џовани Антонио Кара, претставник на славното семејство на скулптори од градот Бреша.

Камен-темелникот бил поставен во 1604 година. На плоштадот пред градилиштето веднаш биле поставени привремените сместувалишта на каменорезите. Просторот бил преобразуван во вистинско училиште за изработка на скулптури и архитектонски изведби. Во тој период градот Бреша имал голем недостаток на архитекти и изведувачи. Контроверзите и понатаму не стивнувале поради прашањето за планот поврзан со грчкиот крст. Многумина од засегнатите би сакале грчкиот крст сепак да биде трансформиран во латински крст. На чело на групата противници на крстот бил Пјер Марија Багнадор. Идејата била повеќе за да го попречи својот ривал Лантана отколку од вистински архитектонски причини. Тој дал предлог со алтернативни решенија, кој практично бил копија на дефинитивната замисла на архитектот Лантана. Постоела една разлика со единствен додаток кој бил во форма на залив кон западната страна со кој додаток грчкиот крст би го претворил во вистински латински крст. На крајот „битката“ ја добил Багнадор, кој ја преземал улогата на градежен управител, додека Лантана останал да управува со градилиштето од економскиот аспект на локацијата. Ривалството меѓу двајцата архитекти било непремостливо. Несогласувањата се појавувале насекаде и за речиси секој детал. Поради тие причини градилиштето многу често било во застој или блокирано на подолги периоди. Сепак за време на градбата проектот претрпел одредени измени и тоа две сервисни структури биле поставени на страните на апсидата, од кои едната се користела како ректорат. Затоа, апсидата била вградена меѓу нив и повеќе не била испакната, така што на покривната купола повеќе ќе немало потреба од никакви потпори. Дури и надворешните ниши, кои биле украсени со статуите изработени од страна на Карас, биле намалени според бројноста на само две од првично планираните пет. На скулпторите биле поставени само статуите на светците Фаустино и Џовита. Згора на тоа, дури ни Багнадор, кој влегол на градилиштето како претставник на „бранителети“ на идејата за вметнување на латинскиот крст кој всушност немало да биде создаде: понатамошната модификација на проектот, кој тој самиот го направил, го прави планот на катедралата да биде повторно со грчки крст, со што додадениот распон кој бил додаден за кратко време време бил отстранет целосно. Бројот на нишите се намалил на само две и тоа биле поставени помеѓу столбовите на контрафасадата, оние кои не биле поврзани помеѓу себе. Постојаниот контраст со Багнадор го натерало Лантана да го напушти градилиштето за одредено време. Сламката која ѝ го прекршила грбот на камилата како народно се велело, било пристигнувањето на Томазо Лорандо, ученикот на архитектот Лантана. Тој во доста му помагал на Лантана околу управувањето со сметковододствените работи. Со тоа можеби се доведувале во прашање способностите на Лантана на полето на таа проблематика. Така се генерирало неговото конечното и дефинитивно одбивање да го следи правецот на активностите на градилиштето. мини|Фасадата на новата катедрала Градилиштето и понатаму трпело чести и долги апстинирања. Со враќањето на грчкиот вкрстен распоред од страна на Багнадур архитектот бил во немилост кај бискупот од Бреша Џорџи, кој упеал да го отстрани од градилиштето во 1611 година и на негово место да го повика Лоренцо Бинаго од Милано, кој ја изградил црквата Сан Алесандро во Зебедија. Тој бил еден од оние кој бил инспирирација на почетниот проект на архитектот Лантана. По влегување во втората фаза од изградбата на катедралата архитектот Антонио Комино бил поставен веднаш рамо до рамо со Бинаго, уште еден голем експонент на Брешанската архитектура и скулптура од тоа време и тој бил креатор на проектот за реконструкција на црквата Свети Фаустино и Џовита. Архитектот Комино бил поставен за управител на делот за изградба, додека Бинаго останувал да биде проектант и главен надзорник. Се појавила значителна количина на финални цртежи, придружени со дополнителни прибелешки и објаснувања. Фасадата која била дизајнирана од страна на Бинаго била во најголем дел барокна, опкружена со две камбанарии, како што биле најчесто изведбите на верските објекти во тоа време.Тоа последно решение за изгледот на катедралата, сепак било повторно премногу во модернистички стил за населението и вработените во администрацијата. Дотолку било работата претерана што во градот Бреша никогаш дотогаш не била видена црква со две кули во пределот на фасадата. Згора на сето тоа, ако биле изградени и кулите на плоштадот ќе биле вкупно четири, двете од катедралата, Торе дел Пополо дел Бролето и камбанариите на старата катедрала. Сепак старата катедрала денес повеќе не постои бидејќи била урната во 1708 година. Идејата, теоретски, ќе послужела за таканаречено „барокирање“ на целокупниот плоштад. За среќа времето за сето тоа не било созреано и затоа кулите никогаш не биле изградени.

Епидемијата на чума од XVII век