„Влакно на јазикот“ е збирка на поезија на современиот поет и писател Тихомир Јанчовски издадена во 2018 година, издание на издавачката куќа „Матица македонска“. Содржина Поетската книга авторот ја посветил на својот вујко Михаил, прва негова книга која тој не можел да ја прочита. Песните претставуваат, стилски и тематски, продолжение на „Игла и конец“. Затоа е отпечатена во ист формат, со иста внатрешна графичка подготовка. Дизајнот на корицата е ист, исто така, за да се истакне содржинската целина. Песните биле пишувани во најголем дел во периодот од март 2016 до јануари 2018. Има и одреден број на стихови од постар датум, главно љубовни песни напишани од 2002 до 2010. Тематски песните се поделени во четири дела: Општи места, Сараево, Скопје и Немири. Во „Влакно на јазикот“ во поговорот според од Душко Крстевски, Јанчовски „осцилира меѓу песните за љубовта и смртта, па секогаш во неговата поезија има вечно „memento mori“, што ја прави неговата поезија убава, естетска, филозофска, морничава... “Тихомир Јанчовски, Влакно на јазикот, Матица македонска, 2018, стр. 91 Збирката иако насловена „Влакно на јазикот“ сепак претставува критика на реалноста без влакно на јазикот. Наводи
Категорија:Македонска поезија Категорија:Дела на Тихомир Јанчовски Категорија:Книги од 2018 година Категорија:Појавено во 2018 година во Македонија