1911  Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија — Куоминтанг. 1943  Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија. 1949  Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман. 1964  Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој - УНКТАД. 1996  Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставиле дипломатски односи. 2006  Над поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин била извршена смртна казна за злодела против човештвото. 30 декември