Гуангџоу (кинески : 廣州, пинјин : Guǎngzhōu ; буквално: „Широка префектура“), познат и како Кантон (Квангчоу или Квонг Чоу) — главен град и најголем град на кинеската покраина Гуангдунг. Се наоѓа на југот на Кина, во заливот познат како Бисерна Река (заеднички слив на реките Кси Џијанг, Беи Џијанг и Донг Џијанг). Се наоѓа во близина на Хонгконг во една од најнаселените и најразвиените области на Кина. лево|мини| Разгледница од Гуангџоу: Тианхе ЦБД, Кантонската кула и пагодата Чиганг, мостот Хаиџу, Меморијалната сала Сун Јат-сен, „Статуа на пет овни“, кулата Џенхаи во паркот Јуексиу и катедралата „Свето срце“.
Географски одлики Гуангџоу се наоѓа на југот на Кина на заедничкиот слив на реките Кси Џијанг, Беи Џијанг и Донг Џијанг во заливот познат како Бисерна Река. Бреговите на тој залив се исклучително густо населени. Гуангџоу е тесно поврзан со околните градови Хонгконг, Шенџен, Фошан, Жонгшан и Макао и образува еден метрополитенски регион кој е меѓу најнаселените и економски најдинамични делови на Кина (со најбрз економски раст).
Релјефот во областа на градот е ридски. Климата е влажна суптропска со силно влијание на монсуните. Поради монсуните, летата се многу повлажни од зимите.
Историја лево|мини| Погребна облека од жад на Џао Мо во музејот на Кралството Нанју, Гуангџоу. Првиот град во областа Гуангџоу бил Панју, основан во 214 пр.н.е. Во 206 г.пр.н.е. станал главен град на кралството Нанју. Во 111 г.пр.н.е. бил припоен кон Кинеското Царство за време на династијата Хан и станал покраински центар. Гуангџоу тогаш било името на покраината, а не на градот. Подоцна, Панју сè почесто почнал да се нарекува Гуангџоу. Во 758 година бил нападнат од арапски и персиски пирати. Во 878 година бил нападнат од кинескиот бунтовнички водач Хуанг Чао. лево|мини| Фотографија од трговска улица во Гуангџоу околу 1919 година. Раздобјето на петте династии и десет кралства (907–960) што следело по падот на династијата Танг било искористено од гувернерот на Подоцниот Лијанг, Лиу Јан, за да го направи Панју центар на неговото царствоа Голем Јуе или Јужен Хан, која опстојувала од 917 до 971 година. Во тоа раздобје градот уживал значителен културен и економски успех. Од 10-ти до 12-ти век, постојат записи дека големите странски заедници не биле исклучиво машки (Евреи, христијани, Парси), туку вклучувале и „Персијки“.Memoirs of the Research Department of the Toyo Bunko (Oriental Library), No. 2, Ann Arbor, Toyo Bunko, 1928., str. 34. 16. svibnja 2015. Pristupljeno 17. lipnja 2019. Гуангџоу го посетил и мароканскиот патник Ибн Батута за време на неговото патување околу светот во 14 век. Тој детално го опишал процесот со кој Кинезите ги граделе своите големи бродови во пристанишните бродоградилишта.Ross E. Dunn, The Adventures of Ibn Battuta, University of California Press, 2005., str. 259. лево|мини| Бундот на Гуангџоу со редови цистерни околу 1930 година. Првите Европејци кои ја посетиле оваа област биле Португалците кои пристигнале во 1511 година. Тие го нарекле Гуангџоу Кантао и според него Европејците често го нарекуваат градот Кантон. Во 1557 година Португалците основале трговско место во негова близина, Макао, кое имало монопол на трговијата со Западот и било португалска колонија до 1999 година. Од 1683 година Кина се отвора за трговија со странци, а Гуангџоу станува најважното трговско пристаниште за трговијата на Кина со Европејците и до 18 век станал едно од најважните трговски пристаништа во светот. Од 1757 до 1842 година, градот имал монопол на кинеската трговија со Европејците (т.н. Кантонски систем), а по Опиумските војни во 1842 година биле отворени и други кинески пристаништа. Главниот извоз бил чај и порцелан, а како место за средба на трговците од целиот свет, Гуангџоу станал претходник на подемот на модерната глобална економија.Paul A. Van Dyke, The Canton Trade—Life and Enterprise on the China Coast, 1700–1845, Hong Kong, 2005., str. 161. мини| Народноослободителната армија на Кина влегува во градот на 14 октомври 1949 година. Од 1918 година, Гуангџоу е службено име на градот, а Панју останува име на јужната област на градот. Помеѓу 1938 и 1945 година градот бил под јапонска окупација. Јапонците го бомбардирале градот и го тероризирале населението. Во 1949 година Гуангџоу бил последното седиште на кинеската националистичка влада (Куоминтанг) која се борела против комунистите. Комунистите го зазеле градот на 14 октомври 1949 година, а националистите побегнале на Тајван. Под комунистичка власт, градот се обновува. По 1990 година, Кина се отворила за слободниот пазар и Гуангџоу многу брзо економски се развил заради неговата локација.
Знаменитости мини| Кантонската кула висока 604 метри е втората највисока кула во светот. Од династијата Сонг, постои белешка за „Осумте погледи на Гуангџоу“ во „Аналите на префектурата Гуангџоу“ (广州府志) каде што се наведени знаменитостите на Гуангџоу.寻找历代羊城八景, Guangzhou Daily 25. kolovoza 2007. Pristupljeno 17. lipnja 2019. Во текот на историјата, овие знаменитости се менувале, но денес (од 2011 година) најважните знаменитости се:Меѓу традиционалните знаменитости, будистичкиот храм на Шесте бањански дрвја, кралската гробница на Јужен Јуе и Западните династии Хан и катедралата Св. Срце. Островот Шамјан е важен рекреативен центар.
Гуангџоу е град кој брзо се развива и се градат многу модерни згради. Има деловен центар со бројни облакодери, од кои најважни се: СИТИК Плаца, Кула на Бисерната Река и Западна кула. Изградена е телевизиска кула (Кантонска кула), која е висока 604 метри и е меѓу највисоките згради во светот.
Управа Гуангџоу е потпокраински град и има директна јурисдикција над единаесет окрузи.
Население Пописот на населението од 2010 година покажал дека градот Гуангџоу има 12,78 милиони жители. Заклучно со 2014 година, населението било проценето на 13.080.500, со 11.264.800 урбани жители.统计 年鉴 2014, Zavod za statistiku Guangzhoua, 7. travnja 2015. Pristupljeno 17. lipnja 2019. Густината на населеност е околу 1.800 жители на км². Движење на бројот на жители 1950 1970 1990 2000 2007 2014 2.567.645 广州 50 年 统计 年鉴, gzstats.gov.cn, 14. prosinca 2009. Pristupljeno 17. lipnja 2019. 4.185.363 5.942.534 9.943.000 10.530.100 11.264.800
Стопанство
Гуангџоу е еден од стопански најразвиените градови во Кина и еден од градовите со најбрзо растечка економија. Поради брзата индустријализација, тој се смета и за еден од најзагадените градови во Кина. Но, како што развојот на градот станува позелен, тој сега е еден од најживописните градови во Кина.
Градот е важно деловно и финансиско средиште кој покрај пристанишните активности нуди и високоразвиена разновидна индустрија (прехранбена, автомобилска, биотехнологија и тешка индустрија)
Кантонскиот саем (формално: „Саме на кинескиот увоз и извоз“) го организира Министерството за трговија секоја година во април и октомври. Отворен во пролетта 1957 година, саемот е главен настан за градот. Тоа е саем со најдолга историја и највисоко ниво на стоковна размена во Кина.
Збратимени градови Гуангџоу е збратимен со следниве градови: Ахмедабад (2014) Арекипа (2004) Окленд (1989) Бангкок (2009) Бари (1986) Бирмингем (2006) Бристол (2001) Дака Ду Бангладешрбан (2000) Екатепек (2016) Екатеринбург (2002) Франкфурт (1988) Фукуока (1979) Џенова (2016) Гвангџу (1996) Хамбантота (2007) Кота Кинабалу (2011) Линшепинг (1997) Лоѓ (2014) Лос Анџелес (1981) Лион (1988) Манила (1982) Оита (1997) Петалинг Јаја (2012) Рабат (2013) Ресифе (2007) Сурабаја (2005) Сиднеј (1986) Тампере (2008) Ванкувер (1985) Виња Дел Мар (1986) Вилнус (2006)
Наводи
Категорија:Градови во Кина Категорија:Населени места основани во 1 век п.н.е.