Хандачка кула () — средовековна одбранбена кула крај Долна Струма, недалеку од античкиот град Амфипол, поточно меѓу денешните села Ениќој и Нова Локвица во Зихненско, Егејска Македонија.

Историја Кулата e е сместена на десниот брег на Струма, спроти античкиот град Амфипол другата дредновековна кула – Мармарската. Околу кулата има остатоци од други утврдувања. Двете кули го чувале Амфиполскиот мост над Струма, познат уште од антиката.

Кулата веројатно е изградена во XIV век. Во околината се наоѓало средновековното село Хандак (Χάνδακας), споменато во светогорски документи од XIV век (1318 – 1378), главно во преписката меѓу манастирите Хиландар и Зограф во врска со водениците на тоа подрачје. Хандак е споменато и во Калимановата грамота.

Кулата има квадратен облик и надврешни потпори, и во првобитен облик имала најмалку три ката. Заштитена е со бедем, чии остатоци се гледаат од северната страна.

Наводи

Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Ениќој (општина)