Паљухорска тврдина ) или Непоси (Νέπωσι) — средновековна тврдина во средиштето на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија.
Тврдината се наоѓа на рид на планината Холомонда, југозападно од селото Паљухор, Касандриско и претставува најголемата твтдина на Халкидик. Единствениот пат кон тврдината е тесна стрмна патека. Од три страни е заобиколена со Пљухорска Река, која тече во длабока клисура со висина од 30-40 м. Зафаќа површина од 1,5 ха, а бедемот има обиколка од 800-1000 м.
Изградена е во V век и тешко оштетена во втората половина на XIV век, кога е напуштена.
Паљухорската тврдина е прогласена за археолошки споменик.
Галерија
Наводи
Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Аристотел (општина)