Миеза или Меза — мал древномакедонски град во областа Ботиаја близу денешното село Голишани, 3 км североисточно од Негуш, Егејска Македонија. Откриен е во ископувања извршени во 1950-тите. Според Плутарх, во Нимфејот (храмот на нимфите) на Миеза било училиштето на Аристотел во кое Александар Македонски учел три години:
Градот е наречен по Миеза, ќерка на Бер (син на Македон) и сестра на Олган и Бероја од македонската митологија. Ова е родното место на Александровииот војсководец Певкест и брат му Аминта Миески.
Во центарот на древниот град може да се види Миеската агора (плоштад), еднаш северно од Миескиот театар. На плоштадот се откриени и други јавни градби.
Во некрополата се откриени низа гробници на важни личности со голема уметничка вредност. Тоа се Антемиската, Кинховата, Судната гробница и Гробницата на Лисон и Каликле. Откриени се и многу други гробници во околните ниви. Гробови од типот циста има на пошироко подрачје меѓу селата Копаново и Голишани, во месностите Капсура, Рудина, Железничка Пруга, Камара и Тумба. Во месноста Чифлик има остатоци од хеленистичко, римско и доцноантичко време. Во месноста Балтането се пронајдени римски вили, а во Вадос е откриен антички каменолом.
Градот е прогласен за споменик на културата во 1962 и повторно во 2012 г.
Галерија
Поврзано Ботиаја
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Градови во Античка Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Негуш (општина)