мини|200п|Јодатниот анјон, мини|200п|Просторен модел на јодатниот анјон

Јодат — повеќеатомски анјон со формула . Ова е најчестиот облик на јод во природата и го сочинува најголемот дел од јодно содржните руди. Јодатите се соли на јодната киселина и често се безбојни.

Структура Соединението има пирамидна структура. Аглите на O–I–O се движат од 97° до 105°, нешто помали од аглите на O–Cl–O кај хлоратот.

Реакции мини|Редукција на јодат со дисулфит со присуство и отсуство на скроб како показател. Редокс Јодатот е еден од неколку оксианјони на јодот, и има оксидациски број +5. Учествува во неколку редокс-реакции како „јодниот часовник“ (Ландолтова реакција). Не тежнее да се диспропорционира во перјодат и јодид, што не е случај со хлоратот.

Јодатот се редудира со сулфит: 6HSO3- + 2IO3- -> 2I- + 6HSO4- Јодатот оксидира јодид: 5I- + IO3- + 3H2SO4 -> 3I2 + 3H2O + 3SO4^2- Слично на ова, хлоратот го оксидира јодидот во јодат: I- + ClO3- -> Cl- + IO3-

Јодат се добива и со намалување на перјодат со сулфид. The byproduct of the reaction is a сулфоксид.

Киселина-база Јодатот е необичен по тоа што гради водородна врска со матичната киселина: IO3- + HIO3 -> H(IO3)2- Анјонот се нарекува бијодат.

Главни соединенија Калциум јодат, Ca(IO3)2 е главната руда на јодот. Се користи и како додаток во исхраната на говедата. Калиум јодат, KIO3, како калиум јодидот, се дава како профилактика против впивање на радиојод во некои земји. Калиум водород јодат (или калиум бијодат), KH(IO3)2, е двојна сол на калиум јодат и јодната киселина и уште една киселина.

Природна застапеност Минералите што содржат јодат се среќаваат во лежишта на каличе во Чиле. Најважните јодатни минерали се лаутаритот и бригенитот, но познати се и бакроносните јодати како салезитот.

Наводи

Надворешни врски