Јосиф Карајовански (роден во — ? ) — македонски борец за човекови права, активист за обединета и независна Македонија. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.
Животопис Бил предан јатак, помагал во криењето на илегалната чета на Герасим Тодоров, ја помагал материјално надвор од своите можности и сè што било во негова сопственост (вклучувајќи го и својот дом), го ставил на располагање на четата. Осуден е на петнаесет години строг и темничен затвор. Во затворите и лагерите на островот Персин (логорот Белене), одлежал околу осум и пол години. Јосиф важел за стар македонски борец.
Поврзано Георги Карајовански
Наводи
Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски дејци Категорија:Македонски борци Категорија:Жртви на комунистичкиот режим во Бугарија Категорија:Македонци во логорот Белене