Ректовизикалната јама, уште наречена Проустов простор е џеб - испакнување на перитонеумот (обвивката на стомачната празнина) што се наоѓа помеѓу правото црево и мочниот меур кај мажите. Обложен е со перитонеум (обвивка на стомачната празнина, ципа). Кај жените овој простор соодвествува на Дагласовиот простор.
Структура Ректовизикалната јама е простор помеѓу правото црево и мочниот меур кај мажите. Лежи над семените везикули. Обложен е со перитонеум и во неговата основа се наоѓа ректопростатична фасција (Денонвилиерова фасција). Во исправена или лежечка позиција, тоа е најнискиот дел од неговата стомачната празнина. Може да содржи делови од илеумот (долното тенко црево ) и сигмоиден колон.
Кај жените, матката лежи помеѓу правото црево и мочниот меур. Затоа, жените немаат ректовезикален простор, туку имаат ректутерин простор и везикутерин простор. По хистеректомија (хируршко отстранување на матката) кај жени, преостанатиот перитонеум може да се нарече ректовезикална торбичка.
Клиничко значење Кај мажот, во исправена или лежечка позиција, ректовезикалниот простор претставува најдлабоката точка на стомачната празнина. Поради ова, перитонеалната течност и другите течности кои влегуваат во перитонеалната празнина, вклучувајќи асцит, крв и гној, имаат тенденција да се собираат во оваа торбичка.
Дополнителни слики
Наводи Оваа статија вклучува текст од страната 1152 од 20-тото издание на Грејовата анатомија (1918), кој е во јавна сопственост.
Категорија:Карлица Категорија:Анатомија Категорија:Медицина