Расеан радиоизотоп или радиоизотоп во траги — радиоизотоп кој природно се јавува во крајно мали количества („траги“). Овие радиоизотопи начелно имаат периоди на полураспад кои траат кратко во однос на староста на Земјата, бидејќи првобитните нуклиди се застапени во поголеми количества. Затоа расеаните радиоизотопи се присутни единствено бидејќи постојано се произведуваат во Земјата со природни процеси. Такви процеси се бомбардирањето на стабилни нуклиди со космички зраци, обичен алфа- и бета-распад на долговечните тешки нуклиди, ториум-232, ураниум-238 и ураниум-235, спонтано цепење на ураниум-238, како и трансмутациски реакции предизвикани од природна радиоактивност, како што е производството на плутониум-239 и ураниум-236 од неутронски зафат на природен ураниум.
Елементи
Подолу се наведени елементите на Земјата кои се јавуваат само во траги, наречени расеани елементи. Елемент Симбол Технециум Tc Прометиум Pm Полониум Po Астат At Радон Rn Франциум Fr Радиум Ra Актиниум Ac Протактиниум Pa Нептуниум Np Плутониум Pu
Изотопи на други елементи (неисцрпен список): Трициум Берилиум-7 Берилиум-10 Јаглерод-14 Флуор-18 Натриум-22 Натриум-24 Магнезиум-28 Силициум-31 Силициум-32 Фосфор-32 Сулфур-35 Сулфур-38 Хлор-34m Хлор-36 Хлор-38 Хлор-39 Аргон-39 Аргон-42 Калциум-41 Железо-60
Поврзано Расеан елемент
Наводи
Категорија:Радиоактивност