Мод од Велс (со полно име при раѓање: Мод Шарлот Мери Викторија, принцеза од Велс; англиски: Maud Charlotte Mary Victoria; 26 ноември 1869 - 20 ноември 1938) била британска принцеза и кралица на Норвешка како сопруга на кралот Хокон VII. Таа е најмладата ќерка на кралот Едвард VII и кралицата Александра од Обединетото Кралство, и пред нејзиниот брак била позната како принцезата Мод од Велс, бидејќи нејзиниот татко во тоа време бил принц од Велс.

Живот Мод е родена на 26 ноември 1869 година во Марлборо Хаус, Лондон. Таа е трета ќерка и петто дете на Алберт Едвард, принцот од Велс и Александра, принцезата од Велс. Алберт Едвард е најстар син на кралицата Викторија, а Александра е најстара ќерка на Кристијан IX од Данска. лево|мини| Свадба на принцезата Мод од Велс и принцот Карл од Данска Мод се омажила релативно доцна, и чекала до доцните дваесетти за да најде сопруг.Hibbert, p. 182

На 22 јули 1896 година, принцезата Мод во Бакингемската палата се омажила за нејзиниот прв братучед, принцот Карл од Данска. Принцот Карл бил втор син од најстариот брат на британската кралица Александра, престолонаследникот Фредерик од Данска и принцезата Ловиса од Шведска. Таткото на невестата ѝ ја отстапил куќата Еплтон во Сандрингем како нејзина резиденција при нејзините чести посети на Англија. Таму на 2 јули 1903 година се родило единственото дете на двојката, принцот Александар.

Кралица на Норвешка лево|мини| Мод по нејзиното крунисување, ја носи круната на кралицата, а во рацете држи жезол и шар Принцот Карл служел како офицер во Данската кралска морнарица, а тој и неговото семејство до 1905 година живееле претежно во Данска. Во јуни 1905 година, норвешкиот Стортинг ја раскинал 91-годишната заедница помеѓу Норвешка и Шведска и било изгласано престолот да му го понудат на принцот Карл од Данска. Мод која припаѓала на британската кралска династија придонела за таквата одлука. По референдумот во ноември, принцот Карл го прифатил норвешкиот престол и станал крал Хокон VII, а неговиот син бил преименуван во Улав. Кралот Хокон VII и кралицата Мод биле крунисани на 22 јуни 1906 година во катедралата Нидарос во Трондхајм; ова последно крунисување во Скандинавија.

Кралицата Мод брзо се прилагодила на нејзината нова земја и на должностите како кралица. Мод одиграла силна и доминантна улога во дворот и семејството, но дискретна улога во јавноста.Maud Charlotte Mary Victoria – utdypning

За време на нејзините први години во Норвешка, таа и нејзиниот сопруг биле фотографирани во норвешки народни носии и уживале во зимските спортови, за што повеќе да изгледаат како Норвежани кај народот.

Последното јавно појавување на кралицата Мод во Британија било во Вестминстерската опатија за време на крунисувањето на кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета во мај 1937 година.

Смрт и оставштина Мод ја посетила Англија во октомври 1938 година. Таму се разболела и на 16 ноември 1938 година ѝ била извршена операција на абдоменот. Кралот Хокон веднаш пристигнал од Норвешка за да биде покрај неа. Иако ја преживеала операцијата, Мод неочекувано починала од срцева слабост на 20 ноември 1938 година,"Statue of Queen Maud unveiled by HM King Harald" . Norway. Retrieved 9 July 2013. шест дена пред нејзиниот 69-ти роденден и на 13-годишнината од смртта на нејзината мајка. На норвешките весници им било дозволено да го прекршат законот за забрана на објавување во недела за да ја известат норвешката јавност за нејзината смрт. Кралот Хокон ја вратил куќата Еплтон на британското кралско семејство."Appleton House" . The Norwegian Royal Household. 5 March 2011.

Нејзиното тело било вратено во Норвешка со брод на Кралската морнарица, и нејзиното тело било положено во кралската крипта во замокот Акершус, Осло.

Земјата на Кралицата Мод и Планините на Кралицата Мод на Антарктикот; Заливот на Кралицата Мод (вклучувајќи го и засолништето за птици преселници на Кралицата Мод) во Нунавут, Канада, се именувани по Мод. Бродот Мод, дизајниран според насоките на Роалд Амундсен за пловидба во Северноледениот Океан и пуштен да плови во 1916 година бил крстен во чест на Мод од Велс.

Наводи

Надворешни врски

Веб-страница на Кралската куќа на Норвешка: Кралицата Мод

Newspaper clippings about Maud of Wales

Категорија:Луѓе од Вестминстер Категорија:Британски принцези Категорија:Починати во 1938 година Категорија:Родени во 1869 година Категорија:Норвешки кралици