Ардешки Клисури — низа клисури долж реката, локално познати како „Европски Голем Кањон“. Клисурите се наоѓаат долж реката Ардеш, во францускиот департман Ардеш, и создаваат триесет километри долг кањон што се протега од Валон-Понт-д'Арк до Сен-Мартен-д'Ардеш. Долниот дел од клисурата ја формира границата помеѓу департманите Ардеш и Гард. Кањонот е туристичка атракција, привлекувајќи над милион посетители годишно, покрај богато историско и археолошко наоѓалиште.

Поголемиот дел од кањонот е заштитен и е управуван од Резерватот Природни клисури на Ардеш. Една од поубавите глетки долж кањонот е Пон д'Арк на почетокот на кањонот, природен лак широк 60 м и висок 54 м. Голем дел од кањонот е недостапен освен преку вода, а кајакарството е популарen спорт на реката. Кампување во текот на ноќта не е дозволено, освен во двa биваци.

Карпите нудат живеалиште за ретки птици како што е планинскиот орел (Во 2012 година имало само два пара орли во Ардеш, а не повеќе од триесет во цела Франција.)

Луѓето живееле во пештери во областа повеќе од 300.000 години. Во клисурата се пронајдени над 2.000 пештери, некои од нив насликани; најпознатата сликана пештера во клисурата е пештерата Шове.

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Ардеш Категорија:Оверњ-Рона-Алпи