Осман Букари (роден на 13 декември 1998 година, во Акра) — гански фудбалер, напаѓач на Црвена Ѕвезда и на репрезентацијата на Гана.
Клупска кариера Својте почетоци Букари ги направил во својата родна земја, а професионалната кариера ја започнал во Словачка, во екипата на Тренчин, во која стигнал во јулу 2018 година од Акра Лајонс. Во двете години поминати во Словачка, Букари бил еден од најдобрите фудбалери во лигата на таа земја; во сезоната 2019-2020, бил прогласен за најдобар играч на Тренчина, избран во идеалниот тим на сезоната на словачкото првенство и бил во краткиот список од три играчи во изборот за најдобар фудбалер на сезоната.
На 4 септември 2020, потпишал тригодишен договор со белгискиот . Веднаш по потпишувањето успеал да стане редовен член на стартната постава. На 22 ноември 2020, го постигнал својот прв гол за Гент, победничкиот во успехот со 1-0 на гостувањето кај Шарлероа. Во сезоната 2020-2021, Букари одиграл вкупно 35 натпревари за Гент во сите натпреварувања и постигнал 4 гола.
На 12 август 2021, Букари преминал во Француската Лига 1 каде му се приклучил на Нант на позајмица до крајот на сезоната. Тој бил дел од екипата што го освоила Купот на Франција, четврти за Нант во клупската историја. Успехот му обезбедил на клубот Северозападна Франција, квалификација во европските натпреварувања за првпат по 21-годишно чекање.
На 21 јуни 2022, Букари потпишал за Црвена Ѕвезда, откако српскиот шампион му платил на Гент 3 милиони евра. Своето деби го имал против Раднички Ниш, и во истиот тој натпревар го постигнал првиот свој гол за црвено-белите.
Репрезентативна кариера Своето деби за репрезентацијата на Гана, Букари го имал на 25 март 2021, во натпревар против што завршил нерешено 1-1. Благодарение на добрите настапи на клупско ниво со Нант и Црвена Ѕвеада, тој добива почести повици и станал постојан стартер во репрезентацијата од март 2022 година.
На 1 јуни 2022, го постигнал својот прв гол за Гана против Мадагаскар во победата со 3-0 во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2023. Во ноември 2022, Букари бил повикан од селекторот Ото Адо да ја претставува репрезентацијата на црните ѕвезди на Светското првенство 2022 во Катар. На 23 ноември, во воведниот натпревар на Гана на турнирот против Португалија (пораз 3-2), тој постигнал гол, со кој го поставил конечниот резултат на натпреварот.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Клупски Нант Куп на Франција : 1 2021-2022
Поединечни Тим на годината на Суперлигата на Словачка: 2019-2020.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Фудбалери на ФК Нант Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Живи луѓе Категорија:Гански фудбалери Категорија:Родени во 1998 година