Армел Бела-Кочап (роден на 11 декември 2001 година, во Париз) — германски фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон и на германската репрезентација.
Биографија Бела-Кочап е роден во Париз, Франција. Тој е син на поранешниот камерунски репрезентативец, Сирил Флорент Бела.
Клупска кариера Бохум Во јули 2018 година, Бела-Кочап му се приклучил на Бохум на летен тренинг камп. Во март 2019 година, Бела-Кочап го потпишал својот прв професионален договор со клубот. Своето деби за Бохум го имал во Втората Бундеслига на 28 април 2019 година, започнувајќи во натпреварот на гости против Ерцгебирге Ауе.
Својот прв гол во кариерата го постигнал на 14 февруари 2021, во победата со 2-0 на домашен терен над Ајнтрахт Брауншвајг. Во сезоната 2020-2021, тој одиграл 28 натпревари во Втората Бундеслига, помагајќи му на Бохум да избори промоција. Следната сезона, тој одиграл 22 натпревари во Првата Бундеслига, помагајќи му на својот клуб да го задржи прволигашкиот статус на крајот од сезоната.
Саутхемптон На 21 јуни 2022 година, Бела-Кочап му се приклучил на Саутхемптон во трансфер вреден 10 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.
Своето деби за Светците го направил на 13 август 2022 против во Премиер лигата. Откако успеал да се наметне како редовен стартер на позицијата централен одбранбен играч, тој го изместил рамото при судир со противнички играч за време на ремито 1-1 против Вест Хем Јунајтед на 16 октомври. Поради тоа, тој бил надвор од акција три недели, а своето враќање на терен го имал на 6 ноември во поразот на домашен терен од со 1-4.
Репрезентативна кариера Во 2021 година, тој го добил својот прв повик во германската репрзентација до 21 година. Тој го направил своето деби на 2 септември, во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2023, во кое Германија го победила Сан Марино со 6-0.
На 26 септември 2022 година, тој го направил своето деби за сениорска репрезентација во ремито 3-3 против .
Неколку месеци подоцна, тој бил дел од германската репрезентација на Светското првенство 2022, но таму не настапил ниту еднаш.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статаистика Статистиката е ажуриарана на 10 декември 2022. + Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 Бохум 2Б 4 0 КГ 0 0 - - - - 4 0 2019-2020 2Б 12 0 КГ 2 0 - - - - 14 0 2020-2021 2Б 28 1 КГ 2 0 - - - - 30 1 2021-2022 1Б 22 0 КГ 4 0 - - - - 26 0Бкупно Бохум 66 1 8 0 - - - - 74 1 2022-2023 ПЛ 24 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 - - - - 26 0 2023-2024 Е 4 0 КХ - - ЛШ 2 0 СХ - - 6 0Вкупно во кариерата 94 1 10 0 2 0 - - 106 1
Титули
2. Бундеслига : 1 2020-2021
Ередивиси : 1 2023-2024
Наводи
Надворешни врски
Армел Бела-Кочап на soccerway Армел Бела-Кочап на transfermarkt Армел Бела-Кочап на espn Армел Бела-Кочап на whoscored
Категорија:Фудбалери на ФК Бохум Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Родени во 2001 година