Серџо Роше (шпански: Sergio Ramón Rochet Álvarez; роден на 23 март 1993) — уругвајски професионален фудбалер кој игра како голман за клубот Насионал Монтевидео и за репрезентацијата на Уругвај.
Клупска кариера Роше ја започнал својата кариера со Данубио со кого не одиграл ни еден натпревар.
Во април 2014 година, тој бил на проба со холандскиот клуб АЗ Алкмар бидејќи сакале резервен голман за Естебан Алварадо по заминувањето на Ерик Хејблок. На 19 мај 2014 година, тој бил подложен на медицински прегледи. Конечно, на 24 мај 2014 година, потпишал договор со АЗ со важност до 2016 година.
Роше го имал своето деби против ФК Дордрехт откако Алварадо се повредил.
Во летниот трансфер период 2017/18 се преселил во турскиот прволигаш Сиваспор.
Во 2019 се преселил во Клуб Насионал од Уругвај по две сезони поминати во Сиваспор.
Голманот имал одлична сезона во 2022 година со Насионал. Вкупно одиграл 44 натпревари, а во 24 од нив, повеќе од половина, не примил гол.
Меѓународна кариера На 5 март 2021 година, Роше бил именуван во прелиминарниот тим од 35 играчи на сениорскиот тим на Уругвај за квалификациските натпревари за Светското првенство ФИФА 2022 против Аргентина и Боливија. Сепак, КОНМЕБОЛ ги прекинале тие натпревари следниот ден поради загриженоста за пандемијата КОВИД-19. Тој го имал своето меѓународно деби на 27 јануари 2022 во победата со 1-0 против Парагвај.
Статистика
Клуб КлубСезонаЛигаНационален купКонтинентален купДругоВкупноДивизијаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиАЗ2014–15Ередивиси8010——902015–162302050—3002016–172002010000320Вкупно5105015000710Сиваспор2017–18Турска Супер лига15000——1502018–190000——00Вкупно150000000150Насионал2019Уругвајска Примера Дивисион60—1000702020290—70303902021150—60102202022330009020440Вкупно83000230601120Вкупно цела кариера149050380601980
Репрезентација РепрезентацијаГодинаНастапиГоловиУругвај2022110Вкупно110
Наводи
Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Уругвајски фудбалери Категорија:Фудбалски голмани