Стефан Чолаковски (роден на 20 април 2000 г.) — професионален фудбалер кој игра за австралискиот клуб Перт Глори. Роден во Австралија, тој имал настапи за македонската репрезентација под 21 година.
Биографија Чолаковски е роден во Австралија и има македонско потекло. Неговите баби и дедовци се родени во Македонија, исто и неговиот татко.Македонец и Македонка во Перт Глори ќе трчаат по победи на – „Македонија Парк“ sport1.mk; 26 ноември 2022
Клупска кариера Мелбурн Сити Настапувајќи во младинските категории на Мелбурн Сити три години, на 4 ноември 2019 година, Чолаковски го одиграл својот прв професионален натпревар во А лигата на Австралија против екипата на Велингтон Феникс. На 1 февруари 2020 година, Чолаковски добил целосен професионален договор од Мелбурн Сити.
Чолаковски го постигнал својот прв гол во А лигата на Австралија во дербито на Мелбурн во сезоната 2020–21, постигнувајќи го шестиот и последен гол во победата од 6–0 против екипата на Мелбурн Виктори. Тој го постигнал вториот гол во дресот на Мелбурн Сити во победата од 2–0 против Макартур во полуфиналето од финалната серија од А лигата на Австралија, помогнувајќи му на својот клуб да се пласира во финалето. Мелбурн Сити го победил Сиднеј во финалето и за прв пат станал првак на Австралија.
Перт Глори Во јуни 2022 година било објавено дека Чолаковски потпишал двегодишен договор со Перт Глори.
Меѓународна кариера Чолаковски го прифатил повикот на селекторот на репрезентацијата на Македонија под 21 година, Благоја МилевскиЧолаковски доаѓа во Македонија за септемвриските квалификации: Многу сум возбуден што ќе го носам македонскиот дрес! ekipa.mk; 2 август 2021, и својот прв настап во македонскиот дрес го забележал на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2023 против Франција кој Македонија го загубила со 3–0. Тој исто така бил во почетниот состав на Македонија во ремито без голови со репрезентацијата на Србија.
Успеси Мелбурн Сити А лига на Австралија Премиершип: 2020–21, 2021-22 А лига на Австралија Чемпионшип: 2021
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Австралиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Мелбурн Сити Категорија:Македонци од Австралија