Света Петка — главна селска црква на селото Плешенци, во Општина Пробиштип.
Местоположба
Црквата се наоѓа во близина на сретселото, од каде што има патоказ кој ја означува нејзината положба.
Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Црквата била изградена во 1883 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Црквата не поседува фрескоживопис, додека за иконите нема податоци од кој период се, како и од кој автор.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Прва пробиштипска парохија Плешенци
Наводи
Надворешни врски
Плешенци Категорија:Плешенци