Квења (Quenya) е еден од измислените јазици од фантастичките дела на Џ. Р. Р. Толкин, говорен од Елфите (Elves) (односно „Квенди“ (Quendi), „оние што говорат“).

Во измислениот свет на Толкин, Квења обично се пишува со азбуката тенгвар, иако порано се пишувала со сарати. Јазикот исто така може да се пишува и на друг начин, како на пример со сиртски букви. И во вистинскиот свет, тенгвар не е многу ретка појава, но јазикот обично се пишува со латинично писмо.

Категорија:Јазици на Арда Категорија:Измислени јазици Категорија:Аглутинативни јазици