Ајванхо ― пастиш опера од 1826 година во три чина со музика од Џоакино Росини за либрето на француски јазик од Емил Дешамп и Габриел-Гистав де Ваји, по истоимениот роман на Волтер Скот од 1819 година. Музиката била приспособена, со дозвола на композиторот, од музичкиот-издавач Антонјо Пацини од оперите на Росини, имено Семирамида, Пепелашка, Страчка крадливка и Танкреди со цел да ја воведе неговата музика во Париз. Испитувањето на партитурата покажува дека Пацини користел и музика од Бјанка и Фалјеро, Армида, Мехмед II, Аврелијан во Палмира, Сигисмунд, Торвалдо и Дорлиска, Мојсеј во Египет и количина на новокомпонирана музика вклучувајќи фанфари и галоп што подоцна бил станало познат по неговото вклучување во Вилијам Тел. Делото било премиерно изведено на 15 септември 1826 година, во театарот Одеон.Everist, Mark (2002). Music Drama at the Paris Odéon, 18241828. pp. 182-187. University of California Press.

Била изведена во Англија во 1829 година како Слугинка на Јуда со музика аранжирана од Мајкл Рофино Лејси, кој исто така го превел и ревидирал изворното либрето на Дешан и Де Ваји. Лејсиевата верзија била изведена и во Њујорк во Парковиот театар во 1832 година.The Theatrical observer and, Daily bills of the play (Volume 1832 v. 3 no.3361-3445:(22 септември 1832-31 декември1832)) Првата изведба на Ајванхо во денешно време била на фестивалот Дела Вале д'Итрија во 2001 година.Pugliaro, Giorgio (ed.) (2007). Opera 2007. Annuario dell'opera lirica in Italia, p. 333. EDT srl.

Улоги Улога Вид на глас Премиерен состав, 15 септември 1826 година(диригент : -) Ајванхо тенор Леконт Лејла сопран Лемул Брајeн де Боагилбер бас Леклер Исмаел баритон Леон Седрик баритон V Адолф Ле Маркиз Лика де Боманоар бас Шарл Албер де Малвоазен тенор Пејроне Предвесник тенор Масо Тјери без глас

Снимки Росини: Ајванхо – Сајмон Едвардс (Ајванхо), Инга Балабанова (Лејла), Сон-Вон Канг (Брајан де Буисгилбер), Филипо Мораче (Исмаеле), Масимилијано Кјарола (Седрик); Камерниот хор на Братислава и Orchestra Internazionale d'Italia под диригентство на Паоло Аривабени. Снимање во живо од настапот во 2001 година на Фестивалот дела Вале д'Итрија. Ознака: Dynamic CDS397

Наводи

Надворешни врски Комплетна партитура во Проектот за меѓународна библиотека за музички партитури

Категорија:Опери на Џоакино Росини Категорија:Опери Категорија:Опери на француски јазик Категорија:Дела засновани на Ајванхо Категорија:Опери заснови на дела од Волтер Скот Категорија:Опери од 1826 година