Кнежевско Езеро (познато и како езеро Кнежево) — вештачко езеро во близина на кратовското село Кнежево, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.

Браната на езерото е подигната на Злетовска Река.

Местоположба

мини|300п|лево|Каменонасипната брана на езерото

Акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на Кнежево, сместено на голема надморска височина од 1.020 метри. Езерото е долго 3 километри, широко 150-200 метри и со најголема длабочина од 70 метри. Зафаќа површина од 0,8 км2.

Самата околина на езерото е главно шумска и живописна. Над езерото се наоѓаат високите делови на Осоговските Планини, а низводно се наоѓа атрактивната клисура на Злетовска Река.

Опис Брана

Браната е каменонасипна со вкупна височина од 75 метри.

Историја

Езерото е создадено со преградување на Злетовска Река со каменонасипна брана кај селото Кнежево во 2010 година.

Употреба

Акумулацијата Кнежево било изградено најмногу за задоволување на потребите за водоснабдување на жителите на повеќе општини од Источниот регион, но во следните фази е предвидено акумулацијата да се користи и за наводнување и за производство на електрична енергија.

Галерија

Поврзано Кнежево ХС „Злетовица“

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кнежево Категорија:Вештачки езера во Македонија