„Отпишаните“ (српски: Отписани) – југословенски филм од 1974 година, во режија на Александар Ѓорѓевиќ по сценариото на Драган Марковиќ и Синиша Павиќ, а автор на музиката е Миливоје Марковиќ. Филмот, снимен во продукција на ТВ Белград, претставува спој на првите две епизоди од истоимената телевизиска серија. Главните улоги ги толкуваат: Драган Николиќ, Воја Брајовиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Владан Холец, Раде Марковиќ, Слободан Алигрудиќ и Стево Жигон.РТС, Отписани (пристапено на 24.10.2022) РТС, Отписани (пристапено на 29.10.2022)

Синопсис Во текот на Втората светска војна, дознавајќи дека Германија го нападнала Советскиот Сојуз, група млади членови на СКОЈ решаваат да основаат тајна група која ќе му се спротивстави на германскиот окупатор. Најпрвин, тие успеваат од главната болница да ослободат една жена, членка на штабот, која е уапсена од Гестапо. Потоа, групата успева да уништи една голема гаража на германската војска.

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Белград Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови од 1974 година Категорија:Филмови на Александар Ѓорѓевиќ Категорија:Филмови со Драган Николиќ Категорија:Филмови со Воја Брајовиќ Категорија:Филмови со Предраг Манојловиќ Категорија:Филмови со Владан Холец Категорија:Филмови со Раде Марковиќ Категорија:Филмови со Слободан Алигрудиќ Категорија:Филмови со Стево Жигон Категорија:Филмови со Чедомир Петровиќ Категорија:Филмови со Драгомир Фелба Категорија:Филмови со Рудолф Улрих Категорија:Филмови со Александар Берчек Категорија:Филмови со Миќа Томиќ Категорија:Филмови со Никола Јовановиќ Категорија:Филмови со Иван Бекјарев