десно|мини|250п|Толмински музеј, Градски плоштад, Толмин. Толмински музеј ― музеј кој ги покрива областите на археологијата, етнологијата, општата историја и историјата на уметноста во регионот на горната долина на Соча во Словенија. Се наоѓа во замокот Коронини во Толмин.Tolmin Museum site
Историја Толминскиот музеј првпат бил отворен за јавноста во 1951 година. Во 1958 година, тој станал дел од Mузејот на регионот Горица и останал под негово покровителство како Збирка на Толминскиот музеј цели 42 години. Во април 2000 година, Толминскиот музеј повторно станал независна јавна установа.Tolmin Museum site
Колекции Толминскиот музеј одржува и неколку надворешни збирки и згради покрај збирките и изложбите во главната зграда. Управува со Археолошкиот музеј и со темелите на римската куќа во Мост на Сочи, со спомен-изложбите на Симон Грегорчич во Врсно, на Цирил Космач во Слап об Идријци и на Симон Рутар во селото Крн, етнолошките збирки во планинскиот дом на Националниот парк Триглав во Трента, во селското јадро на Брегињ, и во Робидишче, дрвената житница во Печине и германската костурница на сливот на реките Соча и Толминка.Tolmin Museum site
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница на Толминскиот музеј Културно-историска патека на Мост на Сочи
Категорија:Музеи во Словенија