Робертов Квартет (Робертова Четворка) — компактна галактичка група оддалечена на околу 160 милиони светлосни години и сместена во соѕвездието Феникс. Претставува семејство од четири мошне различни галаксии чија меѓусебна близина е одговорна за настанокот на 200 ѕвездородни области и имаат развлечен млаз од гас и прав долг 100.000 светлосни години. Нејзините членови се NGC 87, NGC 88, NGC 89 и NGC 92, откриени од Џон Хершел на 30 септември 1834 г.

Квартетот е еден од најдобрите примери за компактни галактички групи. Бидејќи таквите групи содржат по четири до осум галаксии на мошме мало подрачје, тие се многу згодни за проучувањето на галактичките заемодејства и нивните ефекти, а особено настанокот на ѕвездите. Робертовиот Квартет има вкупна привидна величина од речиси 13. Најсјаен член на групата е NGC 92, со сина величина од 13,8. На небото, четирите галаксии се во попупречнички круг од 1,6 лачни минути, што одговара на 75.000 светлосни години. Групата е именувана од астрономите Халтон Арп и Бери Мадор во чест на Роберт Фридман, кој пресметал голем дел од поправените положби на галаксиите во нивниот „Каталог на јужни необични галаксии и здруженија“ од 1987 г.

Членови + Членови на Робертовиот Квартет Name Тип Растојание од Сонцето(милиони сг) Величина NGC 87 IBm pec. ~160 +14,50 NGC 88 SB(rs)a pec. ~160 +15,21 NGC 89 SB0(s)a pec. ~160 +14,57 NGC 92 SAa pec. ~160 +14,29

Поврзано Стефанов Квинтет Сејфертов Секстет

Наводи

Надворешни врски Космички портрет на едно пертурбирано семејство — ESO Што содржи едно име?

Категорија:Галактички јата Категорија:Феникс (соѕвездие)