мини|Гецовата Ледена Плоча
Гецова Ледена Плоча () — најголемата ледена плоча на Антарктикот, сместена долж неговиот југозападен брег. Долга е 500 м, а широка од 30 до 100 км. Се граничи со Хобсовиот и Бакутисовиот Брег во Земјата на Мери Берд помеѓу Мекдоналдовите Висови и Мартиновиот Полуостров. Неколку големи острови се делумно или целосно зафатени од плочата.
Мразот од плочата се топи во износ од 1,1 до 4,1 м годишно, што го прави најголемиот извор на of топена вода во Јужниот Океан.
Ледената плоча западно од островот Сајпл е откриен од Антарктичката служба на САД (USAS) во декември 1940 г. Делот источно од островот Сајпл за првпат е разграничен од воздушни снимки направени од американската морнарица во 1946–47 г. Целата плоча е искартирана од Геолошкиот топографски институт на САД според морнаричките прелетни снимки во 1962–65. г. Наречен е по Џорџ Гец од Чикаго, кој направил заложба за опремување на хидроавионот користен во експедицијата.
Во февруари 2021 г. научниците изјавиле дека четиринаесетте ледници кои ја образуваат плочата се имаат забрзано, и изгубиле 315 гигатон мраз од 1994 г. наваму. Причината за забрзувањето се претставува дека е релативно топлата океанска вода ги топи ледниците од долу.
Поврзано Список на ледени плочи на Антарктикот
Наводи
Категорија:Ледени плочи на Антарктикот Категорија:Земја на Мери Берд