Живко Николовски (1937, Слепче) — македонски писател.

Животопис Живко Николовски е роден во 1937 година во прилепското село Слепче. Во родното место го завршил основното образование, а учителска школа во Битола. Дипломирал на Педагошката академија во Штип, на групата за одделенска настава. Живее во Велес, каде работел како наставник во основното училиште „Васил Главинов“.„Белешка за писателот“, во: Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 56.

Творештво Николовски претежно пишува поезија за деца. Неговите песни се објавени во повеќе списанија за деца во СФР Југославија. Негови најпознати поетски збирки се „Крајот на војната“, „Рамка за слики“ и „Низа ситно нанижана“, сите објавени од издавачката куќа Детска радост.„Белешка за писателот“, во: Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 56.

Наводи

Категорија:Македонски поети Категорија:Родени во 1937 година