Земја на Кралицата Елизабета () — дел од Антарктикот, дел од Британската Антарктичка Територија, најголемата од 14-те британски прекуморски територии. Сместен е јужно од Веделовото Море и меѓу меридијаните 20° ЗГД and 80° ЗГД, протегајќи се од Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча до Јужниот Пол.Queen Elizabeth Land. SCAR Composite Antarctic Gazetteer. Границата со Зумбержовиот Брег од Елсвортовата Земја на запад и северозапад е ракавот Херкулес. На североисток, напоредникот 82° ЈГШ ја дели оваа земја со Коутсоваta Земја. Подрајчето на Земјата на Кралицата Елизабета било безимено сè до 2012 г. Најголемиот дел од него неофицијално се нарекувал „Земја на Едит Роне“ од 1947 до 1968 г.Ronne Ice Shelf. USGS Geographic Names Information System Во ова подрачје има територии на кои полагаат право Обединетото Кралство, Чиле и Аргентина.

Историја thumb|мини|265п|Ледникот од венецот Пенсакола кон Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча.

Во 2012 г. решено е дека подрачје од од Британската Антарктичка Територија го добива името „Земја на Кралицата Елизабета“ во чест на кралицата Елизабета II, а по повод нејзиниот дијамантски јубилеј.

Оваа антакритчка земја е речиси двојно поголема од Обединетото Кралство и претставува триаголен отсечок на Антарктикот со едно теме во Јужниот Пол. На север се граничи со Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча, на североисток со Коутсовата Земја, на исток со Земјата на Кралицата Мод и на западната страна се протега по линија помеѓу Јужниот Пол и Ратфордовата Ледена Струја, источно од ракавот Констелејшен.Queen Elizabeth Land, Foreign & Commonwealth Office. Retrieved 19 December 2012 Венецот Пенсакола, откриен во јануари 1956 г. се протега во должина од 450 км во правец североисток-југозапад долж средиштето на територијата. Името фигурира на сите британски карти.

Земјата на Кралицата Елизабета е втора област на Антарктикот наречена по оваа личност. Прват ае Земјата на Принцезата Елизабета, сместена од другата страна на континентот, во Австралиската Антарктичка Територија, именувана во 1931 г. во нејзина чест, кога била принцеза.

Реакција Аргентина, чија претензија наречена Аргентински Антарктик има преклоп со Британската, го осудила чинот на именување на земјата, нарекувајќи го „систематски напад“ и „провокација“ како продолжение на тензиите за надлежноста врз Фолкландските Острови, кои се британска прекуморска територија.

Поврзано Земја на Принцезата Елизабета Кралица Елизабета (архипелаг)

Белешки

Категорија:Британска Антарктичка Територија Елизабета, Кралица Категорија:Појавено во 2012 година Категорија:Аргентинско-британски односи Категорија:Области на Антарктикот