Киро Бајрамоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис По занимање бил работник. Веднаш по окупацијата зактивно работел за народноослободителната борба. Во 1942 година, се приклучил кон партизанските одреди на Македонија. Учествувал во бројни судрувања со бугарската полиција. По ранувањето на еден негов другар, Киро истиот го однел во Прилеп да се лекува. Меѓутоа бугарската полиција ги открила и нападнала . Во борбата бил тешко ранет и заробен. Окупаторот го префрлил во болница, каде по неколку дни се самоубил за да го избегне престојното мачење. Неговите последни зборови биле: „Еве како гине партизан!“

Една улица во неговиот роден град Прилеп, е именувана по него.

Наводи

Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна