мини|десно|Брегот на Коутсовата Земја сликан во јануари 1915 г.

Коутсова Земја () — област на Антарктикот која се наоѓа западно од Земјата на Кралицата Мод и го образува источниот брег на Веделовото Море. Се протега во правец североисток–југозапад, помеѓу 20°00′ ЗГД и 36°00′ ЗГД. Нејзиниот североисточен дел е откриен со бродот „Скоша“ на Вилијам Спирс Брус, предводникот на Шкотскаta национална антарктичка експедиција (1902-1904 г.) Тој и го дал името во чест на Џејмс Коутс и мајорот Ендрју Коутс, двајцата главни поддржувачи на експедицијата.

Истражувачки станици

база Белграно II (Аргентина)

Правополагачи на Коутсовата Земја На источниот дел на Коутсовата Земја полага право Норвешка и сочинува дел од Земјата на Кралицата Мод. На средишниот дел полага право Велика Британија и сочинува дел од Британската Антарктичка Територија, додека пак на западниот дел полага право Аргентина и тој е дел од Аргентински Антарктик.

Поврзано Кердов Брег Луитполдов Брег

Наводи

Категорија:Области на Антарктикот Категорија:Земји на Антарктикот