Коњски гамбит ― збирка раскази од 1949 година на авторот од Соединетите Држави, Вилијам Фокнер и содржи истоимен расказ. Книгата собира шест приказни на Фокнер за адвокатот Гевин Стивенс, кој исто така има водечка улога во неговиот роман Натрапник во прашината.
Гевин Стивенс е окружен адвокат во Џеферсон во измислениот Фокнеров Округ Јокнапатавфа, Мисисипи.
Тој е остроумен, внимателен и толерантен кон чудотворите и неуспесите на неговите сограѓани јужњаци. Тој учествува во откривањето и спречувањето на криминалот во заедницата на округот и во справувањето со човечките страсти ослободени од насилството во заедницата. Приказните ги раскажува неговиот внук, кој го нарекува чичко Гевин. Конечно се ожени со вдовицата Харис, саканата на неговата младост.
Првите пет приказни биле објавени во различни списанија; шесте приказни објавени заедно во 1949 година може да бидат сметани за роман.
Утре беше приспособен во филм во 1972 година со Роберт Дувал во главната улога.
Раскази со Гевин Стивенс
Чад (1932) (во списанието Harper’s, април 1932 година; исто така во Dr Martino) Монах (1937) (во Scribner’s, мај 1937) Рака над водите (1939) (во Saturday Evening Post, 4 ноември 1939 година) Утре (1940) (во Saturday Evening Post, 23 ноември 1940 година) Грешка во хемија(1946) (во Ellery Queen’s Mystery Magazine, јуни 1946 година) Коњски гамбит (1949)
Наводи
Категорија:Збирки на раскази од Вилијам Фокнер Категорија:Раскази од Вилијам Фокнер Категорија:Раскази од 1949 година