Иван Шишманов (; 4 јули 1862 во Свиштов, Османлиско Царство – 22 јуни 1928 во Осло, Норвешка) бил бугарски писател, етнограф, политичар и дипломат. Бил амбасадор на Бугарија во Украинската Држава и Украинската Народна Република.

Биографија Иван Шишманов е роден на 22 јуни 1862 во Свиштов во познатото семејство Шишманови. Учел во Педагошкото училиште во Виена од 1876 до 1882. Потоа студирал филозофија и литература во Јена во 1884 и две години во Женева. Во 1888, завршил докторски студии во Лајпциг кај професорот Вилхелм Вунд.

На 28 декември 1888, се оженил со Лидија Шишманова, ќерка на Михајло Драгоманов. Во 1888 Шишманов бил еден од основачите на Високата Школа во Софија.

Шишманов бил член на Народнолибералната партија, и во 1903 станал Министер за народна просвета, но во 1907 ја напуштил функцијата поради несогласување со властите. Како министер, тој отворил училиште за слепи во 1906.

Позната е неговата средба како министер за народна просвета со францускиот новинар Гастон Рутие во 1903, кој подоцна во неговата книга Македонското прашање го објавил нивниот разговор, при што Шишманов изјавил:

Починал во Осло на 23 јуни 1928, на 65 годишна возраст.

Библиографија

Славянски селища в Крит и на другите гръцки острови. — Български преглед, 1897, кн. 3. Наченки на руското влияние в българската книжнина. С., 1899. Критичен преглед на въпроса за произхода на прабългарите от езиково гледище и етимологиите на името «българин». — СбНУНК, XVI—XVII, 1900. Тарас Шевченко — неговото творчество и неговото влияние върху българските писатели преди Освобождението. С., 1914. Избрани съчинения в три тома. С., 1965—1971 Дневник 1879—1927 г. С., 2003.

Наводи

Категорија:Луѓе од Свиштов Категорија:Родени во 1862 година Категорија:Починати во 1928 година Категорија:Членови на Македонскиот научен институт