мини|Летот 175 на UA кој ја погоди јужната кула на WTC во 9-11 нападите Тероризмот — незаконско користење на сила и насилство од страна на поединци или групи кои имаат директна врска со странските сили или пак, чии активности ги преминуваат националните граници, насочени против лица или објекти со цел да ги заплаши или да го принуди населениетo или било кој сегмент од општеството во остварување на своите политички или општествени цели. Во денешно време, најголем број на меѓународни терористички организации се спонзорирани од една или повеќе држави. Терористичките организации добиваат целосно поодршка од владите на државите- спонзори односно за своите активности имаат охрабрување во вид на финансиска помош, обука и заштита од една или повеќе влади. Почетоци на тероризмот Тероризмот со меѓународно значење своите зачетоци ги има уште во далечната 1930 година, кога беше извршено првото грабнување на авион, за денес да прерасне во глобална закана и сериозен акт на современата цивилизација. Современиот меѓународен тероризам не се однесува само на едно изолирано општество, односно не е насочен само против интересите на една држава. Неговата деструктивна моќ подеднакво ја чувствува целокупната меѓународна заедница што значи дека е неопходна да се познаваат сите видови на поврзаност меѓу терористичките акти и севкупните односи и состојби во меѓународната политика. Голем број на меѓународни конвенции го инкриминираат терористичкото однесување и ги обврзуваат сите земји да се борат со сите средства на правната држава против сите видови на тероризам. Од тој аспект, можеме да константираме дека меѓународниот тероризам претставува збир на активности забранети со меѓународното право, насочени против поединци, групи, држави и нејзини институции.

Со меѓународниот тероризам исто така се кршшат сите конвенции за заштита на човековите права и слободи во национални и меѓународни рамки, со што во голема мера се загрозува хуманата, поединечната безбедност на луѓето кои сè повеќе постануваат жртви на ова современо зло. Во извршувањето на терористичките активности важна улога имаат и државите, кои условно можеме да ги поделиме во три групи:

Држави кои не го поддржуваат тероризмот, меѓутоа тој се спроведува на нивна територија; Држави кои не го спроведуваат тероризмот, меѓутоа го поддржуваат; Држави кои го поддржуваат тероризмот или од кои доаѓаат програмите и силите кои го спроведуваат.

Држави кои го спонзорираат тероризмот се: Куба, Иран, Ирак, Либија, Северна Кореја, Судан и Сирија.

Најновата етапа во развојот на тероризмот, претставува глобална закана и го отвора патот за создавање на нова “Империја на насилство” односно светот го внесува во новото “Царство на стравот и ужасот”. Пречекорувањето на последниот праг на тероризам ќе значи отворање на нова “Цивилизациска врата” во пеколот, иако за утеха ќе констатираме дека шансите за успешен супертерористички акт сѐ уште се минимални, но до кога…?

Остварувањето и реализацијата на овој “Терористички сон” е можно, говори и податокот дека денес во светот има преку 3000 терористички организации со вкупно 200 000 терористи. За големината и јачината на терористичките организации илустративно говорат за извршените 73 785 терористички инциденти од 1970 до 1997 година. Исто така, мошне значајно е и тоа што тероризмот се става и во функција на интернационализација на војна. Всушност тероризмот во поново време се дефинира и како “војување”- војување со ниско ниво, конфликт од мали размери, односно војување со низок интензитет на употреба на насилство за остварување на определени политички цели. Но, во исто време, неговите активности сè повеќе се ставаат и во функција на интернационализација на војната, посебно на граѓанските конфликти. Создавањето на сè поголем број меѓународни терористички организации и сериозноста на тероризмот како јадрена, биолошка и хемиска закана претставува Ахилова петица на нашата цивилизација- смртна опасност за иднината на човештвото. Глобалните закани во целост претставуваат закани на новото време- сериозна опасност за меѓународниот мир и безбедност. Современиот тероризам само ја зголемува таа опасност, кој зајакнува сè повеќе од ден на ден. Светот повторно е изложен на нови големи и опасни терористички провокации.

Терористички дејства како облик на специјална војна

Специјална војна претставува збир на организирани и координирани политички, економски, психолошки- пропаганди, обавештајно- субверзивни, а често и воени акции, мерки и постапки кои ги презема една или повеќе држави против други земји( група држави) народноослободителни или револуционерни движења, пред сè поради наметнување на хегемонија, мешање во постоечките политички, економски и општествени односи, остварувања на одредени цели и интереси.

Преку специлалната војна пред сè се остваруваат целите и интересите на големите сили во светот. Целите на големите сили пред сè се одредуваат од страна на највисоките државни раководства, врз основа на проценките од моменталната меѓународна ситуација. За остварување на зацртаните цели големите сили (држави) ангажираат обавештајни и други служби и институции, потоа разни здруженија и организации, а по потреба и вооружени сили.

Терористичките дејства претставуваат битен облик на специјална војна. Трминот тероризам покрива мноштво различни и контрадикторни толкувања. Денес доминираат три типа и тоа: анахистичкиот, неофашистичкиот и државниот тероризам. Така “Црвени бригади”, “Фракцијата на црвената армија”, “Дирекната акција” се мотивирани од малограѓанска псевдореволуционерност, “Нов напредок”, “Нова сила”, ”Национален фронт” се профашистички групи, а во некои земји од парламентарните демократи до јужноамериканските диктатури, Израел и Јужна Африка, со различни мотиви и образложенија се развива државниот тероризам. Без оглед на тоа како се декларира, секој вид на тероризам ги загрозува демократските процеси и објективно им оди по рака на десничарско- реакционерните сили.

Експанзијата на насилство од сите бои и видови, во поново време предизвикува аларм за опасност дури и од јадрен тероризам. Бранот на злото со “Работно име” Меѓународен тероризам започна во 1968 година, односно по низата значајни настани што беа карактеристични за тој период (поразот на Арапите во војната со Израел), создавањето на селските герила во Латинска Америка. Кога во затворската ќелија во 1977 година, водачите на „Фракцијата црвена армија“ Урлике Мајнхоф и Андреас Бадер извршија самоубиство, четири години подоцна „Црвените бригади“ беа практично уништени. За западноевропските земји настапи затишје и уверување дека тероризмот конечно е задушен или во најмала мерка обезглавен. Меѓутоа се покажа дека и покрај сите удари што му се задаваат, тероризмот опстојува и јакне како стоглава хидра на која на местото на отсечената глава израснуваат две. Сведоци сме на повторно насилство и провокации. Повторна реафирмација за овој феномен почна спроти католичките празници во 1984 година кога Италијанските неофашисти предизвикаа експлозија на воз во тунел при што загинаа 17 лица, а повеќе од сто беа ранети. Во 1985 година во Атинскиот кварт Глифида летна во воздух ноќен клуб во кој беа ранети 79 лица од кои 39 американски војници стационирани во најблиската воена база. Во едно Париско предградие беше убиен еден висок воен Француски стручњак во Министерството за одбрана, а одговорноста за ова убиство ја презеде организацијата „Директна акција“.

На 11 септември 2001 година беше урнат Светскиот трговски центар во Њујорк, во кој загинаа околу 3.100 цивили. За овој напад одговорноста ја презеде авганистанскиот терорист Осама Бин Ладен. Во 2002 година во снајперските тринеделни напади во САД беа убиени 10 цивили, а тројца беа потешко ранети. За овој терористички напад беше обвинет 41 годишниот терорист Џон Ален Мухамед и 17 годишниот Џон Ли Молво. Основно обележје на тероризмот е неговата континуираност (непрекинатост). Дефинирањето на тероризмот сѐ уште не е завршено главно поради две основни причини: според едни теоретичари е невозможно да се дефинира поради неговите разни облици, а според други, поради политичката обоеност на самиот термин што исклучува секаква објективност.

Етимолошки терминот тероризам непосредно произлегува од латинскиот израз “терор” и означува психичка состојба на страв, ужас од определена опасност што постои или пак во секој момент се очекува. Тероризмот се јавува се јавува со различни идејно- политички сфаќања и вредности, односно неговото толкување е условено класно и идеолошки. Освен ова, се јавуваат и двојни мерила при толкувањето. Така тероризмот кој и одговара на политиката на владеачките кругови се дефинира како политички акт, при што убиство на лојален граѓанин или на дипломатски претставник се прикажува на пример како политички, односно како дело на демократската опозиција или како борба за политички права, а истите форми на тероризам што ги загрозуваат интересите на тие земји се кваликификуваат како криминал и злосторство.

Тероризмот претставува метод на политичка борба заради здружувања на власта, но истовремено и метод за борба против постојаната власт, што значи дека тероризмот како средство на политичка борба подеднакво го користат и оние што се на власт, но и подчинетите. Во повеќе наврати тероризмот е поистоветуван со герилата( германските акуи). Меѓутоа постојат значителни разлики меѓу тероризмот и герилата. Пред сè грилските акуи се одликуваат по тоа што се вршат во рурални средини, а не во градски како тероризмот.

Герилците за разлика од терористите, оперираат во релативно броен состав и на ослободените територии спроведуваат и организираат сопствена власт. ЦИА располага со сопствен центар за обучување во методите за задушување на востаничките движења ( базите Келт Пирг и Форд Браг во Северна Каролина, базата Форд Амаларг во зоната на Панамскиот Канал), а покрај ова илјадници офицери и подофицери на латиноамериканските армии се обучувани во други воени логори во армијата на САД за пресметка со востаничките движења. На овој начин, меѓународниот тероризам претставува средство за остварување на блоковската политика, при што не престануваат обвиненијата меѓу големите сили.

Во минатото тероризмот бил ексклузивност на мажите, а во поново време се ангажираат и значителен број на жени како на пример, легендарниот лик на палестинката Леига Калед која на 20 години возраст поточно во 1969 г. Го принудила пилотот на авионот на компанијата ТИА наместо за Сан Франциско да лета за Дамаск. После ова грабнување извршува пластична операција и учествува во уште неколку акции, а потоа станува пратеник на Националниот совет на Палестина. Потоа следуваат Урлике Мајнкоф која била мозок на јадрото на “Фракцијата на Црвената армија”, потоа Барбара Мајер наречена “Ангел на смртта” и еден од основачите и идеолозите на “Црвените бригади”, Маргарита Кагол. Ова се само неколку од големата галерија на женски терористи, така што тезата дека тероризмот е ексклузивност само на мажите се прави неодржлива и неоснована.

Социјалната структура на терористите исто така е различна и во истата влегуваат личности од сите слоеви. Кога зборуваме за личноста на терористот, не можеме да ги прифатиме теориите според кои тие се главно ментално растроени личности, криминалци, садисти, односно неморални личности. Тоа би било апсурдно, затоа што досегашните откриени водачи, идеолози и членови на некои терористички организации, биле претежно млади образовани луѓе со инзвнодредни интелектуални способности, па дури и со највисок степен на универзитетска наобразба.

Објекти на нападот