Алфхаузен () — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија Местоположба

Алфхаузен се наоѓа околу 27 километри (воздушна линија) северно од безокружниот град Оснабрик.

Општински единици

Општината Алфхаузен се состои од четири места:Alfhausen 1025 Jahre. Eine Chronik in Wort und Bild. S. 11.

Покрај главното место Алфхаузен припаѓаат и следниве места кон денешната општина: Хеке Тине Валенлево|100п|Општината Алфхаузен

Соседни општини

Алфхаузен се граничи на северозапад со Анкум, северно со градот Берзенбрик и на исток со Ристе, додека јужно се наоѓа градот Брамше.

Клима

Алфхаузен се наоѓа во мешана климатска зона помеѓу океанската и континенталната клима.

Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 800 милиметри врнежи. Помеѓу мај и август може да има просечно 25 летни денови (климатолошка ознака за денови, чија максимална температура е над 25 степени).

Во Алфхаузен од 15 април 1949 година се наоѓа мерна станица на Германската временска служба.

Рекордни температури измерени од станицата се следниве:Webseite wetterzentrale.de mit der Top 10 Tabelle der Wetterstation AlfhausenDekadenrekorde (Höchsttemperatur, Tiefsttemperatur) an rund 1000 deutschen Stationen

Највисока измерена температура на 25 јули 2019 г.: 39,2 °C Најниска измерена температура на 8 јануари 1985: −25,2 °C

Историја

Алфхаузен бил основан во 974 година. Името потекнува од долногермански и означува „единаесет куќи“. Целосната историја не е до крај позната.

Мнозинството од населението е римокатоличко. Меѓутоа, постојат и други верски заедници во градот.

Голем дел од населението емигрирало во Балтимор и Синсинати, Охајо и Северно Кентаки во САД во периодот 1830-1860.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Оснабрик (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија