Миле Кузмановски (р. година во ) — македонски пејач.

Животопис

Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има одржано концерти во Канада, Америка, Германија, Австралија, Швајцарија, Австрија и други европски земји. Познат е по баладите Не кани ме и Крал без круна. Има одражано многу солистички концерти, во 2010 година во Универзална сала – Скопје одржа концерт заедо со Група Академци. Исто така и во 2012 година со Арија Бенд, специјални гости му беа Виолета Томовска, Новица Василевски и Марјан Коцев, и следниот концерт е во 2014 година. Неговата кариера ја одбележа песната Не кани ме чиј автор на песната е Орце Лазаров од Група Академци а текстот го напишал Огнен Неделковски.

Во 2025 година, по повод 35 години кариера, одржа концерт во Македонска опера и балет во Скопје. Гости му биле неговите колеги Сузана Спасовска, Спасен Сиљаноски, Бојана Скендеровски.

Дискографија Кузмановски има издадено 5 албуми со негови авторски песни, од кои еден е двоен албум и два се спој на аудио и двд материјал.

Албуми Не кани ме (2003) Сакам да се оддолжам (2006) Двоен албум „Исправи се Македонијо“- цд 1 - авторски песни / цд - 2 народни (2009) Најдоброто од Миле (2011) Крал без круна - ЦД + ДВД од концерт во 2012 во Универзална сала (2013) Шприцер - ЦД + ДВД од концерт во 2014 во Универзална сала (2015) 30 години музика со Миле (2021)

Спотови Спот Година Режисер Не кани ме 2000 Место не ме држи брате 2009 Група Биоритам Крал без круна 2012 Фабрика Продукција Огледало 2012 Фабрика Продукција Шприцер 2013 Огледало 2013 Презиме 2014 Фабрика Продукција Играј срце 2015 Фабрика Продукција Рулет 2015 Фабрика Продукција Само љубов лекува 2015 ИН ТВ Сон 2015 Фабрика Продукција Готово е 2015 Фабрика Продукција Генерацијо 2015 ИН ТВ Мојот народ заслужува 2016 Фабрика Продукција Живили брате 2016 ИН ТВ Последен воз 2019 Чадор стар 2019 Налеј, налеј 2023 Скендеровски Продукција Срце храбро 2024 Арт студио Се собрале комитите 2025 Скендеровски Продукција

Наводи

Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски фолк пејачи Категорија:Македонски поп-фолк пејачи