Рот или Загоричанска Река (, во превод: Загоричанска река; до 1969 г. Ρὸτ) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Стара Река (Ксиропотамос). Влегува во сливното подрачје на Костурското Езеро.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
Опис Реката се образува веднаш западно од Загоричани со слевањето на реките Дива Череша и Суха или Селска Река, која проаѓа низ селото. Дива Череша извира под врвот Врбица на Вич и тече на југозапад. Во 1969 г. името на реката е сменето од Дива Череша (Ντίβα Τσέρεσι) во Рема Агриокерасија (Ρέμα Αγριοκερασιάς), во превод Црешова Река. Суха Река извира исто така од Вич, западно од врвот Шубрец (1.623 м). По спојот на двете реки, реката тече во југозападен правец во регулиран канал, кој пак се влева во Стара Река северно од Б’мбоки.
Поврзано Пополе
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Вич