Медицинско волонтерство ― волонтерството во пределот на обезбедување медицинска помош. Иако често се гледаат само лекари и медицински сестри кои се доброволци, поимот може да се користи и за доброволци за клинички испитувања кои се мотивирани од нефинансиски придобивки. Медицинското волонтерство е претежно гледано како „етички императив кој им служи на обесправените“.

Откриено е дека мотивациите на медицинските доброволци, анализирани преку рамката за Инвентар на функции на доброволците, се фокусирани прво на димензијата на вредности, а потоа на разбирање, подобрување, социјална, кариера и заштита. Од нив, најважни се првите две. Со други зборови, најчеста причина за медицинско волонтирање е изразување или дејствување на важни вредности, како што е хуманитарноста и помагањето на тие со помала среќа и барањето да научат повеќе за светот и/или вештините кои често се неискористени.

Краткорочниот медицинско волонтерство во странство, често во земјите во развој, понекогаш се критикува како медицински волонтуризам. Ваквите активности се критикуваат кога ќе се споредат со алтернативниот поим за одржлив капацитет, т.е. работа направена во контекст на долгорочни, месно управувани и инфраструктури поддржани од странство. Оваа критика главно преовладува во научната и рецензирана книжевност.Bezruchka, S. (2000). Medical Tourism as Medical Harm to the Third World: Why? For Whom? Wilderness and Environmental Medicine, 11, 77–78.Roberts, M. (2006). Duffle Bag Medicine. Journal of the American Medical Association, 295, 1491–1492.Pinto, A.D., & Upshur, R.E.G. (2009). Global Health Ethics for Students. Developing World Bioethics, 9, 1–10. Во последно време вакви критиќи објавуваат и медиуми со поопшта читателска публика.

Поврзано

Итна медицинска помош Болничарски доброволец Волонтерска противпожарна единица

Наводи

Категорија:Медицинско волонтерство Категорија:Никулци за медицина