Славејко Арсов Кикиритков (, Ново Село, Штипско - ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 13
Животопис
Рани години Арсов е роден во штипско Ново село на . Родителите на Славејко Арсов - Арсо Кикиритков, занаетчија (матрапаз - препродавач) и Евдокија Коцова и двајцата потекнуваат од познатото штипско Ново Село. Покрај Славејко, тие имале уште три синови – Михаил, Пане и Лазар. Се школувал во Штип, Скопје (1895) и Софија (1897/98).
Револуционерна дејност Во 1899 година, тој стапил во редовите на ТМОРО. Во 1900 година, тој лежел во затвор во Кичево, а потоа во Битола. По 14 месеци со откуп успеал да излезе од затворот. Во првите години тој бил обичен борец во четата на војводата Марко Лерински, а потоа бил избран за околиски војвода во Битолско, па во Ресенската околија.
Илинденското востание Според Протоколите од Смилевскиот конгрес, со општа согласност во Ресенското горско началство беа избрани: Славејко Арсов, Драган Петков и Александар Панајотов. Бидејќи Драган Петков за време на востанието бил фатен и затворен, како раководители во Ресенскиот реон остануваат Славејко Арсов и Александар Панајотов. Спроти востанието, Арсов и Панајотов станале реонско подвижно тело (штаб) кое ќе им помага на сите селски чети. Суштински реонот го раководел Славејко Арсов. Неколку дена пред празникот Илинден биле одржани помали состаноци на кои се решиле прашањата за мобилизација, организација и распределување на боречките и раководните кадри, како и за спроведување на првите акции. Особено се настојувало да се зајакнат курирските врски помеѓу четите, како и со Главниот штаб. При ова по неколку соседни села беа веќе групирани во одделни центри.
Во неделата, на 20 јули, Арсов ги повикал во Болно вооружените селани од Царев Двор, Дрмени, Јанковец, како и оние од Болно така што заедно со неговата чета биле собрани вкупно околу 400 востаници, па согласно планот одредиле 150 души кои ќе го извршат нападот на Ресен. Истовремено, Панајотов имал под команда околу 170 души со пушки. Уште по 30 востаници, останале резерва во Царев Двор и Дрмени, бидејќи не сакале сите одеднаш да ги активираат. Тие села биле мешани со Турците, па морале да бидат претпазливи во првиот момент. Арсов наредил востаниците да вежбаат до пладнето, а по ручекот, откако сите се собрале им било соопштено дека истата вечер ќе почне востанието, дека „... тоа ќе биде општо и за сите и какво треба да биде поведението. Имено, дека не треба да биде масовно, туку партизанско“, потоа на каков начин да се водат борбите и како да се заштитуваат вооружените и населението. Покрај тоа, Арсов им дал инструкции на четите задолжително меѓусебно писмено да се информираат за да можат да се зачуваат; да се известуваат за секој чекор што го преземаат и за сите дејства и акции да доставуваат информации до Штабот. Реонското раководно тело на Арсов и Панајотов како подвижно презело задача да ги обиколува сите чети. Славејко Арсов раководел со сите села, освен со оние кои ги имал Панајотов.
Задушување на востанието и смрт Кога востанието било задушено, тој отишол на лекување во Бугарија, но набрзо се вратил во Македонија заедно со своја чета. Идејќи за Ресен, на 9 јули 1904 година, близу до с. Горно Ѓуѓанци (Светиниколско), заедно со четата на Стојан Донски, биле опколени од турски аскер. Цели 6 часа имале тешка и крвава борба. Тој бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на турскиот аскер се самоубил.[Христо Силјанов, “Ослободителните борби на Македонија”, том 2, Софија, 1993, 309 стр.]Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 124.Николов, Борис Й. “Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник”, София, 2001, стр. 11.
Извори
Литература
Надворешни врски Славејко Арсов, „Спомени“
Категорија:Луѓе од Ново Село (штипска населба) Категорија:Починати во Горно Ѓуѓанци Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски револуционери Категорија:Отомански затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Отоманското Царство