Фризојте (; затерландски фризиски: Ait или Äit) — мал град во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Зесте, околу 25 километри северозападно од окружниот град Клопенбург и 30 километри југозападно од градот Олденбург.
Географија Местоположба
Градското подрачје се наоѓа во мочурливата низина Хунте-Леда, а само две единици се делумно на ридската област Химлинг.
Градски единици
Фризојте ги има следниве единици:
+ Аренсдорф (260 жит.) Алтенојте (5.535 жит.) од кои Пирго (49 жит.) Аугустендорф (246 жит.) Едевехтердам (900 жит.) Егерсхаузен Елерброк Фризојте (9.536 жит.) Геленберг (1.602 жит.) Хетберг Хајнфелде (57 жит.) Хоефелд Икенбриге Кампе Камперфен (500 жит.) Маркхаузен (2.196 жит.) Меренкамп Нојшарел (974 жит.) Нојврес (969 жит.) Пемертанге Шилбург Шилингсхее Шванебург Шванебургермор Тиле (945 жит.)
Историја
Во 1227 година, грофот Ото фон Текленбург го направил замокот во Фризојте, кој го направил да биде негова резиденција. Набрзо, земјоделци, трговци и занаетчии се населиле околу замокот. Веќе на почетокот на првата половина на век, Фризојте имал големи трговски врски, што се потврдува со пронајдените над 300 сребрени монети од Келн, Минстер, Оснабрик и други градови, кои биле во оптег до 1235 година. Денешниот град бил опкружен од масивни градски бедеми и долго бил сметан за непробоен. Во 1308 првпат бил споменат како град. Понекогаш градот бил означуван како „ханзин град“ и се верува дека имал ханзини привилегии. Сепак, нејасно е дали некогаш бил официјално член на Ханзата.
Фризојте дели разновидна култура во долносаксонската историја. Многу културни влијание на германска, англосаксонска, холандска, источнофризиска, данска и шведска култура можат да се забележат во градот и граѓаните. Градот има голем број на римокатолички верници и мал број на калвинисти и лутеранци. Порано бил дел од Војводството Олденбург и под власт на Француското Царство во век.
Политика Градски совет
мини|300п|десно|Градското собрание
Градскиот совет се состои од 32 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:
Партија 12 септември 2021 11 септември 2016Gesamtergebnis Gemeindewahl 2016 11. September 2016 in Friesoythe, abgerufen am 23. Januar 2017 11 септември 2011 CDU 42,58 % 13.369 14 места 53,09 % 14.384 17 места 61,1 % 15.481 20 места SPD 49,90 % 15.668 16 места 41,37 % 11.209 13 места 34,5 % 8.734 11 места FDP 3,19 % 1001 1 место 3,35 % 908 1 место – – – Die Linke 1,39 % 435 0 места 2,17 % 589 1 место – – – GRÜNE 2,95 % 925 1 место – – – 4,4 % 1.104 1 место Излезност 10.774 од 17.889 гласови 9.348 од 17.337 гласови 8.719 од 16.501 гласови 60,23 % 53,91 % 52,8 %
Градоначалник
Градоначалник на градот од 2014 година е Свен Штратман (SPD).
Список на досегашни градоначалници (од 1945 г.)
Име Почеток на мандат Крај на мандат Герхард Вресман 7 април 1945 2 февруари 1946 Хајнрих Фогел 1946 1948 Хајнц Штуке 1948 1953 Герхард Блок 1953 28 јули 1967 Хајнрих Олбердинг 20 октомври 1967 1 октомври 1972 Фердинанд Клопенбург 14 ноември 1972 2 март 1984 Хајнрих Нихаус 11 април 1984 14 ноември 1996 Јохан Вимберг 15 ноември 1996 31 октомври 2014 Свен Штратман 1 ноември 2014
Збратимени градови
Ленинген е збратимен со следниве градови:
Свебодзин, Полска (од 2005 г.)
Познати луѓе
Хајнрих Тотинг фон Ојта (c. 1330–1397) — теолог и филозоф Вилхелм Абелн (1894–1969) — земјоделец и политичар Моника Хилкер (р. 1959) — биолог Франц-Јозеф Холценкамп (р. 1969) — политичар (CDU)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Клопенбург (округ)