Свети Василиј () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот се наоѓа во населбата Нова Швајцарија (Неја Елветија). Камен-темелникот е поставен на 16 ноември 2008 г., а црквата е отворена на 8 мај 2011 г. од митрополитот Антим Солунски. Парохијата е основана со претседателски указ на 23 февруари 2012 г.

Црквата е помала од останатите нови парохиски цркви на Солунската епархија бидејќи не била во урбанистичкиот план и властане дозволувала изградба на поголем храм. Парцелата била во сопственост на храмот „Св. Илија“, која ѝ ја подарила на митрополијата. Со изградбата раководел Лазарос Бљамбас. Во заедниот дел на дворот е параклисот „Пресв. Богородица Вратарница“, кој првично бил отпочнат како главен храм, но запрен од судот поради немање дозвола.

Иконостасните икони се дело на монахињите од манастирот „Успение на пресв. Богородица“ во Арсакли. Во храмот има голема икона на Богородица Вратарница, како и мошти од Свети Василиј.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Василиј Василиј, Солун Категорија:Појавено во 2011 година