Иришки Венец — врв на Фрушка Гора со надморска височина од 502 метри. Патниот превој се наоѓа на 451 метар надморска височина. Се наоѓа во општина Ириг во Војводина. Најблиската населба до врвот е гратчето Ириг.
Иришки Венец се наоѓа во централниот дел на планината, а во нејзина близина се хотелот Норцев, планинарскиот дом Војводина и ресторанот „Лугарница“. Ова е познато излетничко место, со добро одржуван паркинг и простор за кампување.
Овој врв е можеби попознат како највисокиот превој во Војводина, кој го поврзува 20 км оддалечениот Нови Сад, со делот од земјата јужно од него (Срем, Мачва, Подриње), како и со автопатот Белград-Загреб. Овој правец е многу важен и има ниво на магистрален пат. Затоа и самиот превој е многу важен - тука е раскрсницата на овој пат со Партизанскиот пат, кој се протега по целата должина од источниот до западниот дел на Фрушка Гора, од Банстол до раскрсницата со патот Визиќ - Нештин.
Пред Втората светска војна овде постоел центар за лекување туберкулоза, единствен помодерен за источниот дел на земјата."Политика", 15. дец. 1940 Туристичкиот дом бил изграден во 1934 година, дом на друштвото Фрушка гора."Време", 14. нов. 1934"Политика", 3. феб. 1935
На Иришки Венец се наоѓа споменикот „Слобода“, подигнат во 1951 година, во спомен на борците од НОБ, дело на вајарот Сретен Стојановиќ и споменикот на човечката негрижа, подигнат во 2010 година на иницијатива на еколошките организации.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фрушка Гора