„Намали малце чалам“ — збирка раскази на македонскиот писател писател Сашо Стефановски (со псевдонимот Џанго Помалиот) од 2018 година.

Содржина Книгата содржи 39 раскази:Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018. Зелено џамче Тежок празник Сеа сум у општинска Зинат ова го праат Едно јајце, жар црвено Ќе биде све ОК Цртите се тие Само друштво Непоправљив бубњар у душа Чим види астал, одма се смируе Се заиграле децата Модести Блејз Дај двајс денара Ќе му даеш дваес посто Еден дечко шо го запознав летоска у Грчка Бисер и Три бисери Со здравје да си ги носиш Колеги сме бе Одма кажуе Кога јагнињата цицаат Скоро музика Може да те гушнам? Шарена матична сестра Жилите путујат Јули - август сум Омар Шариф Намали малце чалам Мајсторчиња по дома Мајка ми учела со кокошки? Ревитал, верзија девет тачканула (Бато вади цвеќиња) Друди светски, не дошол Ај дома, специјалац! Ради секс Инфракт Пак ми се повраќа Сурлаш на Интерно? Никој не го спомна вмро Вуче ме кревет Гарант гужва било Станка

За делото „Намали малце чалам“ е збирка со кратки раскази на скопски теми. Таа изобилува со многу сленг, хумор (маалски финти), закачки, добрина, емоции, смеа и шеги.Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018. Во разговорот со Марина Костова, авторот објаснува како настанале расказите: најчесто тие се инспирирани од една реченица, една слика на улица или едно чувство од некој настан; вообичаено, расказите се напишани во еден здив, за десетина минути при што на почетокот авторот не знае каков ќе биде крајот на расказот ниту неговата поента; најголем дел од расказите се напишани за време на Шарената револуција. Според искажувањето на авторот, најважното во расказите е дијалогот кој ја определува нивната динамика. Во расказите, ликовите се вистински, а темите се позајмени од секојдневните настани. Најчесто, расказите немаат посебна цел, освен да останат запишани како блесок од околината на авторот или пак се напишани само за забава.„Наместо поговор“, во: Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 107.

Технички податоци Збирката е објавена како 125. книга во едицијата „Магма“ на издавачката куќа Темплум. Книгата, со обем од 107 страници и со димензии од 17 сантиметри, била испечатена во печатницата „Алма“ во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-85-6. Графичкото уредување и дизајнот се дело на „Кома“, а автор на сликата на предната корица е Владимир Лукаш. Книгата била објавена со финансиска помош од Неотел.Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 2.

Наводи

Категорија:Дела на Сашо Стефановски Категорија:Македонски раскази Категорија:Книги од 2018 година Категорија:Македонски дела од 2018 година Категорија:Појавено во 2018 година во Македонија Категорија:Изданија на Темплум