Свети Јован Златоуст () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Сместена е на улица „Пердикас“ бр. 55 во населбата Пирги (Депо).
Историја Егзархиска црква мини|лево|„Св. Ѓорѓи“ во 1907 г.
Со засилувањето на бугарската пропаганда во Македонија, Солунската бугарска општина уште во 1896 г. издејствувала ферман за изградба на претставителна црква. Во 1906 г. започнала кампања за прибирање на средства за нејзина изградба. Градежните работи започнале во 1907 г. за храм под името „Св. Ѓорѓи“ со цел задоволување на духовните потреби на македонското население во Пирги, тогаш под врховенството на Бугарската егзархија. Завршувањето и осветувањето на црквата било предвидено за 1913 г. Црквата е дело на голобрдските браќа-мајстори Атанас и Георги Митровски.
Грчка црква Во 1912 г. за време на Првата балканска војна во Солун влегла грчка војска. Следната 1913 г. сиот имот на Егзархијата е одземен и „Св. Ѓорѓи“ минал во рацете на Солунската патријаршиска епархија. Митрополитот Генадиј Солунски ја преименувал уште недовршената црква во чест на Свети Јован Златоуст. Првично таа била параклис на соседната грчка црква „Св. Троица“ и изградбата е довршена со пари од таа парохија. Во 1922 г. во црквата се сместени грчки дојденци од Турција по склучениот договор за размена на население.
За време на окупацијата на Солун во Втората светска војна, на 15 јануари 1942 г., Солунскиот бугарски клуб вршел постојан притисок врз германските власти во Солун, и издејствувал црквата да се врати под бугарска контрола.
По повлекувањето на германската војска од Солун, црквата повторно станала сопственост на Солунската митрополија. На 20 септември 1953 г. е осветена од митрополитот Пантелејмон Солунски и станала парохиски храм.
Архитектура Градбата претставува крстокуполен храм. Има три параклиса — „Св. Дионисиј Олимписки“ во самиот храм и „Св. Олимпијада“ и „Св. Рафаил“ во подрумот, каде има и културен център.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Надворешни врски
Јован Златоуст Јован Златоуст, Солун