Свети Илија () — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.
Црквата е подигната на почетокот на XIX век и порано била парохиски храм. Претставува единствениот храм во градскиот центар кој не настрадал во големиот пожар од 1864 г. Внатре нема зачувано стар живопис, но имал вредни средновековни и доцносредновековни икони, меѓу кои и од соседната „Воскресение Христово“.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Илија Илија, Бер