Золота Липа (, ) ― река во Западна Украина. Тече низ Тернопилскиот и Чорткивскиот Реон, образувајќи го Бережанското Езеро северно од градот Бережани. Таа е лева притока на Днестар, која припаѓа на црноморскиот слив. Името значи „златна липа“ и го има истото значење во сите словенски јазици. Реката со спротивно значење Хнила Липа (македонски превод: гнила липа) тече напоредно 30 км западно од Бережани. мини|Скица на Золота Липа. мини|Реката Золота Липа.

Надворешни врски

Реката Золота Липа во Интернет енциклопедија на Украина, кн. 5 (1993)

Категорија:Реки во Тернопилска Област Категорија:Реки во Лавовска Област Категорија:Пидхаицки Реон Категорија:Монастирски Реон Категорија:Притоки на Днестар Категорија:Координати на Википодатоците