Наградата „Празник на липите“ е традиционална награда што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра напишана песна или есеј по повод истоимената манифестација во организација на Друштвото, кога се доделува и наградата за творечки опус „Книжевен жезол“.
Наградата се доделува на членови на Друштвото, по правило, по претходно распишан тематски конкурс. За доделувањето на наградата одлучува селектор или жири-комисија.
Победничките дела се објавуваат во првиот претстоен број на ревијата „Стожер“.
Меѓу добитниците на оваа награда се вбројуваат македонските писатели и поети: Стефан Марковски, Зоран Пејковски, Весна Мундишевска-Велјановска, Сузана В. Спасовска, Игор Крајчев, Евгенија Шуплинова, Вања Изова Велева, Ана Стојаноска, Даниела Андоновска-Трајковска, Михајло Свидерски, итн.
Во минатото, наградата се доделуваше за поетска творба на еден поет. Од поново време, наградата се доделува на повеќе автори за дела од различни книжевни форми.
Наводи Категорија:Награди:Книжевност:Македонија Категорија:Македонски награди Категорија:Македонски литературни награди