Загон или дољум — стара мерна единица за површина. Не е SI единица, единицата за површина во SI е квадратен метар (m²).

Првично, загон или дољум (dönüm, од отомански турски ﻕمنونﺿ / dönmek) означувала површина на земја што човекот може да ја изора за еден ден. Мерката не била точно дефинирана и варирала од место до место. Во Отоманското Царство дољумот изнесувал 919,3 m².

Под името сè уште се користи, во различни стандардизирани верзии, во многу земји од поранешното Отоманско Царство. Во Турција од 1945 година усвоен е метрички дунум од 1.000 m².

Наводи

Категорија:Застарени мерни единици Категорија:Единици за површина Категорија:Архаизми