1728 Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот. 1803 Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија. 1865 Отава станала новата престолнина на Канада. 1941 Втора светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. 1944 Втора светска војна: Ослободен градот Белград 1945 Жените во Франција добиле право на глас 1949 Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН 1973 Англиската кралица Елизабета II свечено ја отворила Сиднејската опера 1994 Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин. 2001 Протести низ француските градови против зависноста од јадрена енергија. 20 октомври
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 20 октомври (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.