Меглен (Мегленско, Мегленија; , поточно: Δήμος Αλμωπίας) — етно-географска област, општина и котлина во северниот дел на Егејска Македонија, денес во составот на Грција, која на север се граничи со Република Македонија. Традиционално е поделен на македонски и влашки дел. Второспоменатиот се нарекува Влахомеглен, каде живееле Мегленски Власи.
Географија и местоположба Котлината и областа Меглен се наоѓаат во северниот дел на Егејска Македонија, односно во среднишниот дел на етничка Македонија. На север се граничи со Република Македонија, односно со областите Тиквешија на север и Мариово на северозапад. Кон запад, југ и исток е отворена кон поширокот регион на Егејска Македонија (денес Грција), односно на југ и југоисток се граничи со пространото Солунско Поле, на запад со Воденско, а на исток со дел од областа Бојмија.
Мегленската котлина е интересен тип на котлина со ниска надморска височина, оградена со високи планини од сите страни. Од север е оградена со планините Кожуф и Козјак, од запад со планината Ниџе, на југозапад ја оградуваат огранките на Негушка Планина, а на исток е оградена со планината Пајак.
Низ плодното рамно Мегленско Поле, протекува реката Мегленица, која протекува и низ Солунското Поле, каде што преку канали дава вода за наводнување на обработливото земјиште, а таму се влева и во реката Бистрица, која пак се влева во Егејското Море. Во Мегленската Котлина преовладува средоземната клима, додека пак на планините континетална и планинска. Општина Меглен и населени места десно|мини|250п|Карта на Меглен од 1904 г. Во административна смисла, до 1997 г. Меглен бил епархија во округот Постол. Од 1997 г. со законот „Каподистријас“, Меглен е поделен на општините С’ботско (Аридеја) во западниот дел и Капињани (Ексаплатанос) во источната. Од 1 јануари 2011 г., со законот „Каликратис“ станува една општина. Главен град на областа и општината е С’ботско.
Општинска единица С’ботско Општинската единица С’ботско ги опфаќала следиве општински оддели и населени места: десно|мини|250п|Поранешната општина С’ботско на картата на некогашниот округо Постол. десно|мини|250п|Центарот на С’ботско со статуа на Ангел Гацо. десно|мини|250п|Црквата во Баово.
Општински оддел С’ботско село С’ботско (Αριδαία, Аридеја) село Волчишта (или В’лчишта; Υδραία, Идреја) Општински оддел Баово село Баово (Πρόμαχοι, Промахи) Општински оддел Биџова Маала село Биџова Маала (Πιπεριά, Пиперија или Πιπεριές, Пипериес) село Горно Турманли (Ανω Ροδωνιά, Ано Родонија) Општински оддел Бизово село Бизово (Μεγαπλάτανος, Мегаплатанос) село Манастир (Μοναστηράκι, Монастираки) Општински оддел Габровци село Габровци (Δωροθέα, Доротеја) село Раниславци (Αγάθη, Агати) Општински оддел Драгоманци село Драгоманци (Άψαλος, Апсалос) Општински оддел Костурени село Костурени (Ξιφιανή, Ксифјани) Општински оддел Пожарско село Пожарско (Λουτράκι, Лутраки) село Пожарски Бањи (Λουτρά Λουτρακίου, Лутра Лутракиу) Општински оддел Полјани село Полјани (Πολυκάρπη, Поликарпи) Општински оддел Преб’диште село Преб’диште (Σωσάνδρα, Сосандра) Општински оддел Рудино село Рудино (Άλωρος, Алорос) Општински оддел Саракиниово село Саракиново (Σαρακηνοί, Саракини) село Долно Родиво (Κάτω Κορυφή, Като Корифи) Општински оддел Северјани село Северјани (Βορεινό, Ворино) село Невор (Νεοχώρι, Неохори) Општински оддел Струпино село Струпино (Λυκόστομο, Ликостомо) Општински оддел Тресино село Тресино (Όρμα, Орма) Општински оддел Цакон Маала село Цакон Маала (Τσάκοι, Цаки) село Долно Турманли (Κάτω Ροδωνιά, Като Родонија) село Цакони (Χρύσα, Хриса) Општински оддел Црнешево село Црнешево (Γαρέφι, Гарефи)
На територијата на општинската единица се наоѓале и денес запустените села Горно Родиво (Άνω Κορυφή, Ано Корифи), Зборско (Πευκωτό, Певкото) и Карадере Воденско (Μαυρόλακκος, Мавролакос) и Карадере Пазарско (Μαυρόλακκος Γενιτσών, Мавролакос Јеницон).
Општинска единица Капињани Општинската единица Капињани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места: десно|мини|250п|Поранешната општина Капињани на картата на некогашниот округ Постол. десно|мини|250п|Фреска од Ошинскиот манастир. мини|250п|Црквата „Свети Димитар“ во Тушин.
Општински оддел Капињани село Капињани (Εξαπλάτανος, Ексаплатанос) Општински оддел Бериславци село Бериславци (Περίκλεια, Периклија) село Лугунци (Λαγκαδιά, Лангадија) Општински оддел Гостољуби село Гостољуби (Κωνσταντία, Констандија) Општински оддел Карладово село Карладово (Μηλιά, Милија) село Ружјани (Ριζοχώρι, Ризохори) Општински оддел Кожушани село Кожушани (Φιλώτεια, Филотија) Општински оддел Новоселци село Новоселци (Νερόμυλοι, Неромили) село Продром (Πρόδρομος, Продромос) Општински оддел Ноти село Ноти (Νότια, Нотија) село Тушин (Αετοχώρι, Аетохори) Општински оддел Ошин село Ошин (Αρχάγγελος, Архангелос) Општински оддел Слатина село Слатина (Χρυσή, Хриси) Општински оддел Страишта село Страишта (или Витолишта; Ίδα, Ида) Општински оддел Тодорци село Тодорци (Θεοδωράκι, Теодораки) Општински оддел Трстеник село Трстеник (Θηριόπετρα, Тириопетра) Општински оддел Фуштани село Фуштани (Φούστανη, Фустани)
На територијата на општинската единица се ноаѓаат и денес запустените села Лесково и Извор.
Поврзано Мегленски Власи Мегленовлашки јазик Список на села во Меглен Мегленска тврдина
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Меглен
Категорија:Општини во Егејска Македонија Категорија:Горна Македонија