Свети Архангели () — црква во селото Руждене, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1873 г. според натпис на неа. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив и затворен трем на запад. Во внатрешноста се зачувани резбаниот владички престол, проксинитариите и иконостасот со убави царски двери.

Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била под врховенството на Цариградската патријаршија.

Поврзано Драмска епархија

Наводи

Архангели, Руждене Архангели, Руждене Категорија:Појавено во 1873 година