Свети Јован Претеча Надворешен () — црква кај градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба Храмот се наоѓа во месноста Кукули на 6 км од Негуш, по патот за с. Голема Река.

Историја Црквата првобитно била манастирска. Манастирот е основан во VII век, но уништуван на повеќе наврати. Еден документ говори за негово преосновање во 1785 г. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е разурнат од турската војска. Црквата е обновена, но настрадала во 1842 г. е уништена во пожар. Во 1844 г. е повторно обновена со помош на жителите на Воден и околните села. Натписот гласи:

За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија, манастирот служел како база на андартските чети, обезбедувајќи залихи и засолниште на андартите од цело Воденско. Затоа, на 14 јуни 1905 г. македонските чети направиле неуспешен обид да го запалат. На 26 јули 1905 г. македонските четници ги убиле монасите и опожариле дел од конаците. Манастирот е обновен, но во мај 1906 г. македонските чети повторно го изгореле. По обновата во 1912 – 1913 г. работел како парохиски манастир.

На пописот од 1928 г. манастирот имал 1 калуѓер, а на пописот од 1940 г. се забележани 4 калуѓери.

Во 1942 – 1943 г. манастирот повторно настрадал при пресметка на партизаните од ЕЛАС со окупаторските сили. За време на окупацијата, моштите од манастирот се префрлени во Воден. Востановен е како женски манастир на 29 септември 1995 г.

На 2 октомври 1985 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.

Архитектура Храмот има две градежни фази — во првата е главниот наос, а во втората се нартексот и женската црква. Точните години не можат да се утврдат поради честите опожарувања и обнови. Градбата претставува трикорабна правоаголна сводеста базилика со три куполи над средниот кораб. Храмот има димензии 18,08 × 9,70 м. На запад има нартекс, а на исток има полукружна апсида украсена со слепи лакови. При изградбата се користени мермерни антички фрагменти (сполии).

Живопис Иконостасот е обичен, триделен и има осум големи царски икони во ист стил, датирани во 1844 г. Авторите се Ѓорѓи Зограф Воденски (Γιώργι ζωγράφου Βοδενότις), Ѓорѓи Бојаџи (Γεώργιος Βογιατζής) и веројатно монасите-зографи Димитар и Данаил. Иконите немаат голема уметничка вредност.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Јован Претеча Надворешен Јован Претеча Надворешен, Негуш Јован Претеча Надворешен, Негуш Јован Претеча Надворешен, Негуш Категорија:Споменици на културата во Негуш Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Појавено во 1844 година